Џегер чај
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Џегер чај (Jägertee) е алкохолен пунч направен со мешање на „Инлендер рум“ и зачинет со црн чај.[1] Се служи топол и обично се пие во текот на зимата во студените делови на Централна Европа.[2]
Иако Џегер чајот лесно се прави дома, во продавниците се продаваат готови мешавини кои веќе содржат зачини и шеќер. За неговото правење често се користи австрискиот рум Строх; овој бренд произведува и своја готова сорта.
Џегер чајот стана популарен пијалок кој се пие на скијалишта,[2] особено меѓу туристите на Алпите. Тој се продава во колички надвор во ски-центрите и зимските фестивали.
Етимологија
уредиИмето е изведено од австро-баварскиот изговор на стандардниот германски Jäger „ловец“ + Tee „чај“. Според Регулативата на ЕЗ 110/2008, Анекс III, бр. 32, тоа е заштитена ознака на потекло за пијалакот направен во Австрија.[3] Затоа, сортите направени во Германија се продаваат под други имиња. Се продавал и под името Грог во Чешка и Словачка.
Некои селски места служат и „Ловокрадски чај“, што е уште посилен.
Поврзано
уреди- Варено вино
- Пунч
- Пукање пијалак
Наводи
уреди- ↑ Jagertee recipe (archive version), Архивирано од изворникот на 2018-09-29
- ↑ 2,0 2,1 Donhauser, Rose Marie (2007), Little Tea Book, Silverback Books, ISBN 978-1-59637-074-6
- ↑ „Regulation (EC) No 110/2008 of the EuPopean Parliament and of the Council of 15 January 2008 on the definition, description, presentation, labelling and the protection of geographical indications of spirit drinks and repealing Council Regulation (EEC) No 1576/89“. Official Journal on EUR-Lex. EU Publications Office. Посетено на 2009-07-15.