Џафер Сулејмани
Џафер Сулејмани (албански: Xhafer Sylejmani; Премет; 14 март 1879 - Тетово, 17 ноември 1953) — истакнат албански лекар во Македонија[1].
Животопис
уредиСулејмани е роден во Премет, јужна Албанија во 1879 г. Студирал медицина во Цариград и Нанси, Франција. Од 1905 г. па до крајот на животот работел како општ лекар во Тетово. Бил избран народен пратеник на еден мандат (1927) и сенатор на два мандати (1932, 1939) во Кралството Југославија. Уживал голем углед меѓу населението како лекар во Тетово и Тетовско. Неговата куќа во Тетово претставува споменик на културата[2].
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 1458. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ Цветановски, Илчо (29 јули 2008). „СПОМЕНИЦИТЕ заборавени од надлежните - Го губи ликот стариот дел на Тетово“. Дневник. Посетено на 2009-11-02.