Џастин Нџинма
Џастин Гидеон Нџинма (роден на 15 ноември 2000 година, во Хамбург) — германски фудбалер, напаѓач на Вердер Бремен.
Џастин Нџинма | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Џастин Гидеон Нџинма[1] | ||
Роден на | 15 ноември 2000 | ||
Роден во | Хамбург, Германија | ||
Држава |
Германија Нигерија | ||
Висина | м[1] | 1,79||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вердер Бремен | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Холштајн Кил | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2019-2021 | Холштајн Кил II | 11 | (4) |
2021-2022 | Вердер Бремен II | 18 | (14) |
2022- | Вердер Бремен | 32 | (8) |
2022-2023 | → Борусија Дортмунд II | 51 | (18) |
2022-2023 | → Борусија Дортмунд | 1 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Биографија
уредиНџинма е роден во Хамбург, Германија, но има нигеријско потекло.[2]
Клупска кариера
уредиСвојата кариера ја започнал во академијата на Холштајн Кил и одиграл десеттина натпревари за вториот тим во периодот од 2019 до 2021 година. Во летото 2021 година, тој потпишал за Вердер Бремен, приклучувајќи се на вториот тим на зелените во Регионалната лига. Откако дал 14 гола на 18 натпревари за Вердер Бремен II, на 6 јануари 2022, на инсистирање на тренерот Оле Вернер - кој го тренирал и претходно во Холштајн Кил - Нџинма потпишал професионален договор со Вердер.[3][4]
Веднаш по потпишувањето на договорот со Вердер, тој бил позајмен на Борусија Дортмунд II. Своето деби за вториот тим на Борусија Дортмунд го направил на 17 јануари 2022 во победата со 3–1 над Валдхоф Манхајм.[5] Во првата сезона тој постигнал 5 гола на 17 натпревари во 3. лига. Следната сезона, во истата лига тој одиграл 34 натпревари и постигнал 13 гола за Борусија Дортмунд II. Добрата форма му донела и деби за првиот тим на милионерите во Бундеслигата, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Салих Езкан во поразот со 3-0 на гостувањето кај РБ Лајпциг.
Во летото 2023 година, Нџинма се вратил во Вердер, приклучувајќи се на првиот тим со дресот со број 17. Своето деби го направил на 2 септември 2023, во натпреварот на домашен терен против Мајнц во Бундеслигата, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Давид Ковнацки во 76-тата минута. Само седум минути по влегувањето во игра, тој го постигнал својот прв погодок за првиот тим на Вердер, оформувајќи го конечниот резултат 4-0 за зелените.[6] Интересно е тоа што само една минута пред да го постигне голот, Нџинма забележал и асистенција за третиот гол на Вердер кој го реализирал Леонардо Битенкурт.[6] На 23 септември 2023, Нџинма уште еднаш влегол во игра од клупата за резерви за многу брзо повторно да стане херој откако само една минута по влегувањето го постигнал победничкиот гол во победата над Келн со 2-1 на Везер.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Justin Gideon Njinmah“. Bundesliga. Посетено на 23 септември 2023.
- ↑ „Justin Njinmah: Ein Mann für die Werder-Profis“. 15 December 2021. Посетено на 20 January 2022.
- ↑ „NJINMAH SIGNS FIRST PROFESSIONAL CONTRACT WITH WERDER, JOINS BVB II ON LOAN“. 6 January 2022. Посетено на 20 January 2022.
- ↑ „Ex-Kieler Justin Njinmah unterschreibt Profi-Vertrag beim SV Werder Bremen“. 8 January 2022. Архивирано од изворникот на 2023-05-18. Посетено на 20 January 2022.
- ↑ „Waldhof Mannheim vs. Borussia Dortmund II“. Посетено на 20 January 2022.
- ↑ 6,0 6,1 „Justin Njinmah Shines in Bundesliga Debut with Goal and Assist for Werder“. archysport. 6 септември 2023. Посетено на 23 септември 2023.