Џарвисов Остров
(Пренасочено од Џарвис)
Островот Џарвис или Џарвисов Остров (англиски: Jarvis Island) е мал остров во Тихиот Океан, на половина пат помеѓу Хаваите и Куковите Острови. Островот е ненаселен и со него управува Управата за лов и риболов на САД (англиски: United States Fish and Wildlife Service).
Има површина од 4,5 км2 и лежи на координатите 0° 22′ 0" јужна географска ширина и 160° 3′ 0" западна географска должина.
На островот се наоѓа и повремената населба Милерсвил.
Оваа статија за место во САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |