Ќари Памју Памју

Јапонска пејачка

Кјари Памју Памју (きゃりーぱみゅぱみゅ, Kyarī Pamyu Pamyu, родена 29 јануари 1993) е јапонска моделка, блогерка и пејачка од Хараџуку областа на Токио. Нејзиното официјално уметничко име е Каролин Чаронплоп Кјари Памју Памју.

Кјари Памју Памју
Кјари во Париз, Франција, 2012.
Животописни податоци
Родено имеКирико Такемура[1]
Роден(а)29 јануари 1993
Нишитокио, Токио, Јапонија
ПотеклоТокио, Јапонија
ЖанровиJ-pop, поп, денс, рок
Занимањапејач, модел, блогер
Период на активност2010–денес
СоработнициWarner Music Japan
Мреж. местоkyary.asobisystem.com/index.php

Кариера

уреди

Кјари стартираше како моден блогер а потоа ја започна својата професионална кариера како модел за Хараџуку модни списанија како што се Kera! и Zipper.[2] По постигнатата слава почна да се втемелува како стопанственичка лансирајки линија на вештачки трепки наречена "Harajuku Doll Eyelashes by Eyemazing x Kyary"[3] и да се појавива на модни ревии.[4] Во април 2011 го организираше настанот "One Snap For Love" заедно со јапонскиот моден уредник и фотограф Јасума Јонехара и јапонскиот бренд 6%DokiDoki, кој беше посветен на жртвите од 2011 Тохоку цунмито и земјотресот.[5]

Во јули 2011 ја започна својата музичка кариера издавајки го својот прв сингл "PonPonPon". Музичкиот спот, посветен на Kawaisa и Decora културата беше објавен на YouTube и стана вирусен хит.[6][7] Американската пејачка Кејти Пери, обожавател на Кјари, го претстави музичкото видео на својот твитер.[8] Јасутака Наката е продуцент на синглот кој е првата песна од мини-албумот на Кјари, Моши Мoши Хараџуку (Moshi Moshi Harajuku), кој беше издаден на 17 август 2011.[9] "PonPonPon" беше издаден на 31 јули 2011 и влезе во Billboard Japan's Hot 100s на 72 место.[10]

Вториот сингл, "Jelly", беше меѓународно издаден на iTunes на 3 август 2011. Една недела по издаваљето на својот мини-албум, Кјари издаде и афтобиографија за својот успех и слава поименувана Oh! My God!! Harajuku Girl.

На 7 декември 2011, новите сигл и видео на Кјари Памју Памју, "Tsukema Tsukeru" беа дигитално и меѓународно издадени преку iTunes.

На 9 декември 2011, Кјари Памју Памју ги посети обединетите држави да настапи на модна ревија и исполни две од своите хит песни во Culver City. Тоа е првпат за Кјари да настапува во туѓина и првпат да ја пее "Tsukema Tsukeru."[11]

На 1 јануари 2012, нејзиниот прв физички сингл излегна, поименуван "Tsukema Tsukeru", во кој беше вклучена и специално издание на книга со слики.

Дискографија

уреди
  • 2011: Moshi Moshi Harajuku
Синглови
  • 2012: "Tsukema Tsukeru"

Наводи

уреди
  1. kyary pamyu pamyu (official Facebook page)
  2. Kyary Profile in Japanese and English. Kyary.asobisystem.com. Посетено на 2011-12-08.
  3. Harajuku Doll Eyelashes by Eyemazing x Kyary. Tokyofashion.com. Посетено на 2011-12-08.
  4. Spinns Harajuku Fashion Show Pictures – Spring 2011. Tokyofashion.com. Посетено на 2011-12-08.
  5. Harajuku earthquake relief effort frontlining Kyary. Tokyofashion.com (2011-04-04). Посетено на 2011-12-08.
  6. Dooling, Annemarie (2011-07-27). 'PonPonPon' Gives Us A Kawaisa Seizure“. Huffington Post.
  7. Favorite Summer Artists & Cats Grilling Out (!!!): It's Episode 2 Of MTV's Pop Music Web Show, 'Bigger Than The Buzz'! Архивирано на 17 јуни 2012 г.. Buzzworthy.mtv.com (2011-08-04). Посетено на 2011-12-08.
  8. Twitter / @katyperry: I'm so in love with her bu ...
  9. „Kyary Pamyu Pamyu "PonPonPon" Music Video w/ Art by 6%DokiDoki“.
  10. „Hot 100 Billboard Japan Charts (ja)“ (јапонски).
  11. „Kawaii for the Masses: Rune Boutique's Debut“. Asia Pacific Arts. 1/25/2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-09. Посетено на 2012-02-05. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди