Њујоршка декларација за шуми

Њујоршка декларација за шумитедоброволна и неправно обврзувачка политичка декларација која произлегла од дијалогот меѓу владите, претпријатијата и граѓанското општество, поттикнат од Климатскиот самит на генералниот секретар на Обединетите нации, одржан во Њујорк во 2014 година.[1]

Декларацијата ветува дека ќе ја преполови стапката на обесшумување во период 2020–2030 година и ќе обнови стотици милиони хектари деградирана земја. Предложениот повраток на земјиштето е опишан како покривање на „површина поголема од Индија“.

Доброволна Дејствувачка агенда ја придружува Декларацијата, обезбедувајќи „водич за владите, претпријатијата и организациите во врска со разновидните дејства што можат да ги постигнат преобразувачките цели [на Декларацијата]“.

Советодавна фирма со седиште во Вашингтон, Climate Advisers (во превод Климатски советници), го напишала нацртот на Декларацијата. Потпишан е од 37 влади, 20 месни влади, 53 повеќенационални претпријатија, 16 групи кои ги претставуваат домородните заедници и 63 невладини организации . Тие ги вклучиле земјите-членки на ЕУ, Канада, Јапонија, Кенија и Етиопија.[2][3]

Декларацијата е воглавно прифатена. Владите на Германија, Норвешка и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска објавиле заедничка изјава во која силно ја поддржуваат декларацијата и ги обврзуваат нивните влади да ги „зајакнат постојните и да создадат нови партнерства со шумските земји кои дизајнираат стратегии за зелен раст, со водечки претпријатија од приватниот сектор отстранување на уништувањето на шумите од нивните синџири на снабдување, и со финансискиот сектор, граѓанското општество и другите влади дарители да ги усогласат стимулациите, да ги преобразуваат пазарите и да ја намалат рамнотежата против уништувањето на шумите“,[4] заедно со финансиската обврска за финансирање до 20 нови програми предмет на цврсти, веродостојни предлози што ги даваат земјите во развој.[5]

Некои невладини организации исто така ги истакнале ограничувањата на Декларацијата.[6][7] Во септември 2019 година, бил објавен петгодишниот извештај за проценка „Напредокот на Њујоршката декларација за заштита на шумите и обновување на шумите - приказна за големи обврски, но ограничен напредок“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Forests: Action Statements and Action Plans“ (PDF). Un.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-07. Посетено на 4 октомври 2023.
  2. „Five years after New York declaration, forest promises go unmet“. Climate Home News. 12 септември 2019.
  3. „Endorsers of the New York Declaration on Forests“. Forest Declaration.
  4. „Joint statement on REDD+“. GOV.UK. 23 септември 2014. Посетено на 4 октомври 2023.
  5. „Renewed support to reduce emissions through protecting the world's forests - Press releases“. GOV.UK. 23 септември 2014. Посетено на 4 октомври 2023.
  6. Lang, Chris. „The New York Declaration on Forests: An agreement to continue deforestation until 2030“. REDD-Monitor.org. Посетено на 4 октомври 2023.
  7. "New York Declaration" on forests commitments are welcome, but immediate action is needed“. Greenpeace.org. 23 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2015-06-21. Посетено на 4 октомври 2023.