Љуљзим Исмаили (албански: Lulzim Ismaili; роден во Нераште, Тетовско) познат како Командант Љуљи е поранешен член на ОНА, односно командант во 112 регионална бригада задолжена за тетовско[1].

Љуљзим Исмаили
Lulzim Ismaili

ПрекариЉуљи
РодОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Тој бил задолжен од т.н. „генералштаб на ОНА" да ја води истрагата за 12-те исчезнати македонски цивили.[2] На 28 декември 2001 во весникот „Факти“ изјавил дека од страна на ОНА се пронајдени две тела на киднапираните Македонци и се чекало на обдукција да извршат меѓународни лекари. Бил член на централното претседателство на ДУИ за време на изборите во 2002, на кои бил замешан во повеќе изборни инциденти.[3] Обвинуван е за рекетарство и киднапирања.[4]

Наводи

уреди
  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 84
  2. "Командант Љуљи" знаел каде се телата на двајца Македонци“. Дневник. Посетено на 2011-02-18.[мртва врска]
  3. „ТЕТОВО И ГОСТИВАР Мирно, со многу забелешки“. Дневник. Посетено на 2011-02-18.[мртва врска]
  4. „Самопрогласените команданти на ОНА предавници, крадци и наркомани“. А1. 4 февруари 2002. Посетено на 2011-02-18.