Љубоморниот Естремадурец

Љубоморниот Естремадурец (шпански: El celoso extremeño) - расказ на шпанскиот писател Мигел де Сервантес, дел од збирката „Примерни новели“.

Содржина

уреди

Во младоста, Фелипо Каризалес, витез од Естремадура, заминал во светот, каде го потрошил целото богатство, поради што бил принуден да замине во Перу. Таму, тој успеал да се збогати и, веќе како стар човек, се вратил во родниот крај, со намера да живее мирен живот. Притоа, Каризалес се оженил со многу девојката Леонора, која била многу помлада од него. Измачуван од претерана љубомора, тој ја затворил својата невеста во посебна куќа во која не смеел да влезе ниту еден маж. За возврат, тој ѝ купил неколку робинки и слугинки, постојано ја опсипувал со пари, а на нејзините родители им дал голем мираз. Меѓутоа, еден млад човек од Севиља, со име Лоајса, слушнал за затворената девојка и направил план како да ја освои. За таа цел, тој се преправил во просјак-музичар, сместувајќи се пред куќата на Каризалес. Чуварот на куќата, Луис, кој бил голем љубител на музиката, бил воодушевен од неговите песни, а Лоајса му ветил дека ќе го научи да свири, ако го пушти во куќата. Така, Луис тајно го сместил Лоајса во својата соба, но за него разбрале и сите жени во куќата, кои биле привлечени од неговата музика и од убавината. Служејќи се со лукавство, Лоајса ги убедил да го пуштат во куќата, а за таа цел, Леонора го заспала својот сопруг со помош на некоја маст. Надзорничката на куќата почнала да му се додворува на Лоајса, а потоа ги затворила него и Леонора во својата соба, каде Лоајса безуспешно настојувал да ја убеди Леонора да водат љубов. Во меѓувреме се разбудил Каризалес и ја видел Леонора во прегратката на Лоајса. Мислејќи дека таа го изневерила, Каризалес смртно се разболел, а потоа ги повикал нејзините родители и во присуството на нотар напишал тестамент во кој го распределил своето богатство, а од Леонора побарал, по неговата смрт, да се омажи за Лоајса. По седум дена, Каризалес умрел, а Леонора заминала во манастир.[1]

Осврт кон делото

уреди

Наводи

уреди
  1. Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 3-42.