Љубов (расказ на Мопасан)

„Љубов“ (француски: Amour) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 7 декември 1886 година.

Содржина

уреди

Раскажувачот само што прочитал во весниците за убиството кој го извршил некој човек, кој најпрвин ја убил саканата, а потоа се убил и себеси. Тоа го потсетува на еден настан од минатото: една доцна есен, тој го посетил својот роднина Карл де Ровил со кого заминал на лов на диви птици во блиското мочуриште. Бидејќи било многу студено, во ловечката колиба запалиле оган, а потоа, во зората излегле надвор и го започнале ловот. Кога веќе помислиле да завршат, над нив поминале две диви патки и раскажувачот ја убил едната. Тогаш Карл му кажал дека ја убил женката, објаснувајќи му дека мажјакот нема да одлета без неа. И навистина, паторот продолжил да го надлетува местото, барајќи ја својата придружничка сè додека Карл не го убил и него. Запрепастен од верноста на патките, истиот ден, раскажувачот се вратил во Париз.[1]

Наводи

уреди
  1. „Љубав - Три стране из књиге једнога ловца“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 99-106.