Љубовта на една русокоса
„Љубовта на една русокоса“ (чешки: Lásky jedné plavovlásky) — чешки филм од 1965 година, во режија на Милош Форман (Miloš Forman), кој е автор и на сценариото, заедно со Иван Пасер (Ivan Passer) и Јарослав Папоушек (Jaroslav Papoušek). Главните улоги ги играат: Хана Брејхова (Hanna Brejchova), Владимир Пухолт (Vladimir Pucholt), Владимир Меншик (Vladimír Menšík), Милада Јежкова (Milada Ježková), Јозеф Шебанек (Josef Šebánek), Јан Вострчил (Jan Vostrčil), Антонин Блажејовски (Antonín Blažejovský), Здена Лоренцова (Zdena Lorencová), Јана Новакова (Jana Nováková) и Јозеф Колб (Josef Kolb). Ова е првиот чешки филм кој западните филмски критичари ги убедил во постоењето на чешкиот нов бран, кој се одликувал со јасна тенденција за раскинување со социјалистичкиот реализам. Филмот се одликува со едноставна, мелодрамска приказна, а режијата на Форман се одликува со сочувство со т.н. обични луѓе, со речиси документаристички реализам и со елементи на карактеристичниот чешки хумор. Големо внимание кај филмската критика предизвикала и глумата на Хана Брејхова, сестрата на најпознатата чешка глумица Јана Брејхова.[1]
Синопсис
уредиВо еден мал привинциски град во Чешка се наоѓа фабрика во која повеќето од вработените се жени. Како ршение на недостатокот од мажи, директорот на фабриката носи војници од резервниот состав на армијата. За време на забавата, тројца војници ги канат Андула (ја игра Брејхова) и нејзините две другарки. Меѓутоа, девојките си одат, а Андула ја минува ноќта со Мила го игра Пухолт), пијанистот на еден оркестар од Прага. Една недела подоцна, таа заминува во Прага за да го пронајде Мила. Тој се наоѓа на една забава каде свири со својот оркестар, а Андула ја минува вечерта со родителите на Милда. Доцна во ноќта, Мила се враќа дома и ја затекнува Андула како спие во неговата соба. Нејзината посета е причина за кавга меѓу Милда и мајка му (ја игра Јежкова), а Андула ја слуша кавгата и почнува да плаче. Филмот завршува така што Андула ѝ раскажува на својата другарка од женскиот интернат за своето момче од Прага.