Љубовта е многу возвишено нешто (филм)

„Љубовта е многу возвишено нешто“ (англиски: Love Is a Many-Splendored Thing) — американски филм од 1955 година во режија на Хенри Кинг (Henry King), по сценариото на Џон Патрик (John Patrick) и Хан Сујин (Han Suyin). Главните улоги ги играат: Вилијам Холден (William Holden) и Џенифер Џоунс (Jennifer Jones). Филмот е снимен по автобиографскиот роман на Хан Сујин, „Многу возвишена работа“ (A Many-Splendoured Thing) од 1952 година.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Хонгконг, во 1949 година. Марк Елиот (го игра Холден) е американски новинар кој известува за граѓанската војна во Кина. Привремено разделен од сопругата, тој ја запознава убавта лекарка д-р Хан Сујин (ја игра Џоунс), вдовица од Кина. Набргу, тие се вљубуваат еден во друг, но нејзините роднини и неговите пријатели не ја одобруваат нивната романса.

Наводи

уреди