Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ
„Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“ (српски: Љубавни живот Будимира Трајковића) — југословенски филм од 1977 година, во режија на Дејан Караклајиќ. Главните улоги ги играат: Љубиша Самарџиќ, Милена Дравиќ, Предраг Болпачиќ, Марина Немет, Андреја Маричиќ, Миќа Томиќ, Слободан Алигрудиќ, Бранко Цвејиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Неда Арнериќ итн.[1]
Синопсис
уредиМашките членови на семејството Трајковиќ, синот и таткото (ги играат Самарџиќ и Томиќ), се градители на мостови. Затоа, сите очекуваат дека по таа патека ќе продолжи и внукот Будимир, кој е средношколец. Но, тој ги мрази мостовите, бидејќи поради нив, неговото семејство повеќепати се селело од едно во друго место, поради што тој не може да започне љубовна врска. Поттикнат од својто најдобар другар, Будимир по секоја цена се труди да освои некоја девојка. Најпосле, тој се вљубува во девојка која живее во неговата зграда. Кога семејството треба да замине во Багдад, Будимир во последен миг бега од авионот со цел да остане со својата сакана.