Јухор (планина)
Јухор – планина во Србија која се наоѓа меѓу Голема Морава на исток и Левач на запад, Темниќ на југ и Белица (река во Србија) на север. Се протега во правец север-југ. Спаѓа во родопски планини. Врвот на Јухор се вика Велики Ветрен и е висок 773 метри.
Јухор | |
---|---|
Велики Ветрен | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 774 м [1] |
Координати | 43°48′44″N 21°15′51″E / 43.81222° СГШ; 21.26417° ИГД |
Друго име | Велики Ветрен |
Географија | |
Место | Централна Србија |
Во 1997 година, археолозите на врвот на Јухор откриле тврдина. Притоа откриле 400 железни и бронзени предмети. Истражувањата покажале дека се работи за повеќеслојно наоѓалиште од бакарното, бронзеното и железното време, римскиот период и средниот век [2].
Потекло на поимот
уредиИмето Јухор е од словенско потекло. Неговиот корен е прасловенскиот збор „јухо“, што значи „јавува“.
Туризам
уредиНа Јухор се наоѓаат повеќе цркви и два манастири: манастирот Ивковиќ, кој се наоѓа на 15 км од Јагодина и манастирот Свети Никола во Својново во близина на Параќин. Овие два манастири биле основани од кнезот Лазар Хребељановиќ[3].
Наводи
уреди- ↑ Jovan Đokić. „Katalog planina Srbije“. PSD Kopaonik Beograd. Архивирано од изворникот на 2011-05-18.
- ↑ Келтска тврдина на врвот на Јухор
- ↑ Манастири Архивирано на 21 октомври 2019 г. на мрежното место на Туристичката организација Параќин
Литература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.