Јустеро
Јустеро е остров на Стокхолмскиот Архипелаг во Шведска.
The island of Ljusterö. | |
Географија | |
---|---|
Координати | 59°31′33″N 18°37′25″E / 59.52583° СГШ; 18.62361° ИГД |
Површина | 62,05 км2 |
Држава | |
Округ | Стокхолм |
Општина | Јостерокер |
Демографија | |
Население | 1591 |
Тој се наоѓа на северниот дел од Стокхолмскиот Архипелаг и припаѓа на општината Остеркерк на Стокхолмскиот округ. Се наоѓа околу 65 км северно од центарот на Стокхолм.
Овој остров е со површина од 62 км2 и е седумнаесетти по величина остров во Шведска.
Островот има пристап до копното преку редовна фериботска линија од Остана, и бродска линија од центарот на Стокхолм.
Има приближно околу 1500 постојани жители, а во тек на летната сезона бројот на жители расте и до 25.000 - 30.000 луѓе.
Административни историја
уредиЈустеро имал своја општина сѐ до 1967 година, кога станал дел од општината Остерокер. Во 1974 година, сите делови на општината Остерокер станале дел од општината Ваксхолм, но од 1983 година, Јустеро е дел од новата општината Остерокер.[1][2]
Проектот за обновлива енергија на Јустеро
уредиОвој остров е место за предложениот проект за инсталирање на голем број на ветерни турбини, кои би генерирале обновлива енергија. Според проектот била планирана изградба на 23 ветерници, секоја со по два мегавати создадена електрична енергија. Биле изградени две ветерни турбини, една во 2006 година со јачина од 0,8 мегавати, а потоа уште една, која во 2009 година била надоградена до 2 мегавати. Изградбата на другите планирани турбини сѐ уште не е одобрена од општината. Проектот бил критикуван од голем број жители, и постојаните и викендашите, со забелешка дека премногу се засегнува средината на архипелагот, правејќи го да изгледа како индустриска електрана. Постојат и негативни ефекти од проектот како на пр. создавање на нискочестотна бука и паѓање на вредноста на недвижнините на островот.
Галерија
уреди-
Црква во Јустеро, март 2008 година.
-
Стариот даб на север на Јустеро, мај 2008 година.
-
Лебед со мали лебеди на јужниот брег на Јустеро, јули 2008 година.
-
Клинсундет, „портата кон надворешниот дел на архипелагот“ и мост што се протега помеѓу западниот и источниот Лагно, јуни 2008 година.
-
Фарма, јули 2008 година.
-
Поглед од Јустеро, јули 2008 година.
-
Ферибот Јустеро - Остана
-
Училиште на островот Јустеро
-
Најстариот дрвен амбар на островот
-
Музеј на Јустеро
-
Пазар на Јустеро, 2014 година
Наводи
уреди- ↑ Harlén, Hans; Harlén, Eivy (2003). Sverige från A till Ö : geografisk-historisk uppslagsbok. Stockholm: Kommentus. ISBN 9789173451390.
- ↑ „Församlingar“. Statistiska Centralbyrån (шведски). Посетено на 2018-12-15.