Јунион (остров)

остров
(Пренасочено од Јунион Ајланд)

Остров Јунион (англиски: Union Island) е остров во Свети Винцент и Гренадини. Островот е дел од архипелагот Гренадини. Јунион има вкупна површина од 9 км2. Островот се наоѓа на 200 километри југозападно од независната држава Барбадос, а сосема блиску е до островите Каријаку и независната држава Гренада.[1]

Остров Јунион
Union Island
Меѓународен аеродром Јунион Ајланд
Географија
МестоКарипски Острови
Координати12°36′N 61°26′W / 12.600° СГШ; 61.433° ЗГД / 12.600; -61.433
Површина3,5 sq ми
Должина3 ми (5 км)
Ширина1 ми (2 км)
Највисоко место999 ст (304,5 м)
Највисока точкаТабои
Држава
НајголемаКлифтон
Демографија
Население~ 3,000 (2012)
Јазицианглиски, француски, германски
Дополнителни податоци
Часовен појас
Мреж. местоTravel guide of Union Island with street map of the town
Clifton Harbour from the air

Главни населени места на островот се Клифтон и Ештон. Јунион има население од околу 3000 жители.[2] Како и во остатокот од земјата, така и на Јунион службен јазик е англискиот.

На Јунион има и меѓународен аеродром, кој има домашни и меѓународни (воглавно во околните држави) летови. Во непосредна близина на Јунион има две мали островчиња: Фригата и Хепи.

Географија

уреди

Островот има вкупна површина од 9 км2. Јунион е долг 4.8 километри, а широк 1.6 километри. Највисока точка на островот е Табои со 304 метри надморска висина.

Јунион има полусува клима. Брдата на островот не се доволно високи за да се создадат чести врнежи.

Историја

уреди

Островот бил првично населен од Араваците и Карибите. Потоа, со европската колонизација, на островот дошле Французи и Англичани, воглавно трговци со робови и сопственици на плантажи. Со нив тие донеле стотици Африканци, од регионот на Нигерија, Камерун, Ангола и Гана.

Кога било укинато ропството, луѓето продолжиле со земјоделството и риболовот.

Во 1970-тите имало мал револт на островот со што народот сакал островот да се отцепи од Свети Винцент и Гренадини и да се припои со Гренада. Овој револт брзо бил задушен.

Култура

уреди

За време на Велигден на островот има фестивали, поточно во Ештон и Клифтон. Цела седмица има организирано настани и перидот е познат како „Истервал“.

Во мај, на крајот на сушната сезона, се одржува настанот „Марун“. Овој настан е целодневен. Фестивалот е препознатлив по тапаните, пеењето и танцувањето. Овој фестивал се одржува поради исчекувањето на влажната сезона.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. (француски) Union Island (St Vincent)
  2. „St Vincent and the Grenadines, Population and Housing Census Preliminary Report“. The Census Office, SVG Government. Посетено на 31 December 2015.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди