Јулес или Јулестунтури (фински: Ylläs или Yllästunturi) е 718 метри висок ридест предел во општина Колари во Лапонија, Финска. Постојат две села во близина на Јулес: Екесломполо на северната страна и Јулесјерви на јужната. Тие се поврзани со пат долг 11 километри, околу ридот. Двете села остваруваат голем дел од своите приходи од туризмот.

Ски-лифт

Јулес е популарен скијачки центар, најмногу од типот на крос-кантри и спуст. Маркетинг слоганот на областа е "Ylläs on ykkönen!" ("Јулес е број еден!"). Јулес е вториот најголем ски-центар во Лапонија, по Леви. Многу компании кои се во близина на Јулес го презеле името на ридот како сопствено, како што се спортскиот клуб Ylläksen Nousu во Екесломполо.

Екесломполо од врвот на ридот

Јулес е највисок ридест предел во Финска, каде можете да најдете ски-лифтови.

Во областа Јулес постојат:

  • 330 километри крос-кантри патеки, 38 километри се осветлени
  • 61 ски-патеки
  • 29 ски-лифтови

Други ридести области во близина се:

  • Kukastunturi
  • Lainiotunturi
  • Kuertunturi
  • Kesänki
  • Pyhätunturi
  • Aakenustunturi

Најблиската железничка станица е во Колари, а најблискиот аеродром е во Китила.

Јулес беше домаќин на тринаесеттите Зимски олимписки игри 1995.

Јулес е, исто така, популарно туристичко одредиште во текот на летните месеци со активности како пешачење, велосипедизам, риболов и кајакарство, сите достапни за посетителите да уживаат. Гондолата е отворена во текот на летната сезона, што прави лесно да се достигне врвот на ридот и да се ужива во глетката.

Надворешни врски

уреди