Јужнотаранакиски Залив
Јужнотаранакискиот Залив (англ. South Taranaki Bight) е голем залив којс е протега на југ и исток на јужното крајбрежје на регионот Таранаки, на Северниот Остров на Нов Зеланд. На север, над ‘ртот Егмонт се протега слично именуванит Севернотаранакиски Залив.
Големината на заливот во голема мера зависи од изворот што го опишува. Според построгите дефиниции, заливот се протега од устието на потокот Каупоконуи јужно од планината Таранаки (Егмонт), па сè до устието на реката Патеа. Послободните дефиниции пак, велат дека заливот го опфаќа сето западно крајбрежје на северниот дел на Северниот Остров, сè до Ваиканае на приморското подрачје Капити.
39°40′S 174°10′E / 39.667° ЈГШ; 174.167° ИГД
Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |