Јужен потковичар
Јужен потковичар е чест вид на инсективојади лилјак од фамилијата Rhinolophidae. Се среќава најчесто во средоземниот регион и Балканскиот Полуостров, како и делови од Италија.
Јужен потковичар | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Rhinolophus |
Вид: | Јужен потковичар |
Научен назив | |
Rhinolophus euryale Blasius, 1853 | |
Mediterranean horseshoe bat range |
Mediterranean horseshoe bat | |
---|---|
Scientific classification | |
Kingdom: | Animalia |
Phylum: | Chordata |
Class: | Mammalia |
Order: | Chiroptera |
Family: | Rhinolophidae |
Genus: | Rhinolophus |
Species: | R. euryale
|
Binomial name | |
Rhinolophus euryale Blasius, 1853
| |
Mediterranean horseshoe bat range |
Физички одлики
уредиГлавата и телото обично му се помеѓу 43 и 58 мм со 22–30 мм опашка. Распонот на крилјата на Јужен потковичар е помеѓу 300 и 320 мм со стандардна тежина помеѓу 8 и 17,5 грама. Горниот процес на поврзување е зашилен и благо свиткан надолу и е јасно подолг од долниот процес на поврзување, кој е широко заоблен кога се гледа одоздола.
Крзното му е меко, со светло сива основа. Грбната страна му е сиво-кафеава, понекогаш со мала црвеникава нијанса, додека вентралната страна е сиво-бела или жолто-бела.[2]
Живеалиште
уредиЛилјакот Јужен потковичар има тенденција најчесто да живее во топли, пошумени области во подножјето и планините, претпочитајќи варовнички области со бројни пештери и блиска вода. Летните живеалишта и расадниците му се во пештери, иако понекогаш живее во топли тавани на север.
Размножување
уредиМалку се познати информации за репродуктивниот циклус на лилјакот Јужен потковичар. Во расадниците вообичаено се сместени помеѓу 50 и 400 женки, а понекогаш има и мажјаци. Колониите во лето и зима се многу големи и тие се опкружени со мали сателитски колонии. Главните колонии се во пештери и можат да вклучат над 5.000 животни, сателитски колонии вклучуваат десетици до стотици животни. Во лето, колониите се мешаат со други видови. Во Бугарија, Јужен потковичар живее со лилјакот Бласиев потковичар и лилјакот Мехелиев потковичар. Видот е многу чувствителен на вознемирување. Рамножувањето се случува од средината на јуни или јули. На возраст од четири недели, младите стануваат независни. Женките го раѓаат своето прво младенче на возраст од 2-3 години. Парењето најчесто се одвива на есен во пештерите, но може да продолжи и во зимските живеалишта.[3]
Лов
уредиЛилјаците од видот Јужен потковичар ги напуштаат своите живеалишта во доцниот самрак, ловејќи ниско над земјата на топлите ридови, но исто така и во релативно густа покривка од дрвја, ловејќи молци и други мали инсекти.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Juste, J.; Alcaldé, J. (2016). „Rhinolophus euryale“. Црвен список на загрозени видови. 2016: e.T19516A21971185. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-2.RLTS.T19516A21971185.en. Посетено на 16 November 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „iucn status 16 November 2021“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Schober, Wilfried; Eckard Grimmberger (1989). Dr. Robert E. Stebbings (уред.). A Guide to Bats of Britain and Europe (1. изд.). UK: Hamlyn Publishing Group. ISBN 0-600-56424-X.
- ↑ "Rhinolophus euryale", Science for Nature Foundation