Јужен Андамански Остров

(Пренасочено од Јужен Андамански остров)

Јужниот Андамански Остров е најјужниот остров на Големите Андамански Острови и е најгусто населен од сите острови. Тој и припаѓа на Јужната Андаманска административна област, која е дел од индиските сојузни територии на Андамански и Никобарски Острови.[6] Овде се наоѓа Порт Блер, главниот град на целиот архипелаг.

Јужен Андамански Остров
Мапа на Андаманските Острови, каде локацијата на Јужниот Андамански Остров е прикажана со црвена боја
Географија
МестоБенгалски Залив
Координати11°47′00″N 92°39′00″E / 11.783333° СГШ; 92.65° ИГД / 11.783333; 92.65
АрхипелагАндамански Острови
Соседни водни површиниИндиски Океан
Површина1.262 км2[1]
Должина83 км
Ширина28 км
Брегова линија413 км
Највисоко место459 м[2]
Највисока точкаКојоб
Држава
ОбластЈужна Андаманска област
Островска групаАндамански Острови
Островска подгрупаГолеми Андамани
ТехсилФераргунџ техсил
Најголема населбаПорт Блер (pop. 100,000)
Демографија
Население209,602 (2011)само села
Густина166 /km2 (430 /sq mi)
Етнички групиИндијци, Андаманци
Дополнителни податоци
Часовен појас
PIN744202[3]
Телефонски код031927 [4]
ISO codeIN-AN-00[5]
Мреж. местоand.nic.in
Писменост80.6%
Просечна летна температура30.2 °C (86.4 °F)
Просечна зимска температура23.0 °C (73.4 °F)
Полов сооднос1.15/
Пописен код35.640.00xx
Службени јазициХинди, Англиски

Историја

уреди

Во поновата историја овој остров бил тешко погоден од цунамито по земјотресот на 26.12. 2004 година, во Индискиот Океан, што довело до смрт на многу од жителите на островот.

Географија

уреди

Островот му припаѓа на ланецот на Големите Андамански Острови. Некои делови на островот се забранети области за лица кои не се од индиска националност, а дозвола за транзит може да се добие од соодветното министерство на владата. Овој остров е трет по големина и се наоѓа јужно од Средниот Андамански Остров и Баратанг, од кои е одделен со природен канал, широк неколку стотини метри. Островот е долг 83 километри, а најголемата широчина изнесува 28 километри и е со површина од 1262 км2. Островот е најмалку брдест од сите Северни Андамански Острови, а највисокиот врв изнесува 459 метри надморска височина.[7][8]

Администрација

уреди

Островот и припаѓа на административната област на Порт Блер и Фераргунџ.[9]

Демографија

уреди

Порт Блер, главниот град на островите, се наоѓа на јужниот дел од овој остров. Други големи градови се: Бамбуфлет, Протрапур и Гарачарма. Според пописот од 2011 година, населението на територијата на Северните Андамански Острови изнесувало 209.602 жители. Населението на целата територија на Андамани и Никобари, според пописот од 2001 година, изнесувало 356.152. Делотворната стапка на писменост (односно стапката на писменост на населението со исклучок на децата на возраст од 6 години и помали) е 80.6%.

Демографија (2011 попис)[10]
Вкупно Мажи Жени
Население 209602 111980 97622
Деца под 6 години 21498 10954 10544
Касти 0 0 0
Племиња 2553 1287 1266
Писмени 168924 93717 75207
Вработени (сите) 85131 68143 16988
Главни работници (вкупно) 75885 61685 14200
Главни работници: земјоделци 3054 2130 924
Главни работници: земјоделски работници 1229 1042 187
Главни работници: работници во домаќинства и индустрија 624 463 161
Главни работници: други 70978 58050 12928
Маргинални работници (вкупно) 9246 6458 2788
Маргинални работници: земјоделци 412 293 119
Маргинални работници: земјоделски работници 613 465 148
Маргинални работници: работници во домаќинства и индустрија 181 103 78
Маргинални работници: други 8040 5597 2443
Невработени 124471 43837 80634

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Islandwise Area and Population - 2011 Census“ (PDF). Government of Andaman.
  2. Предлошка:Cite enroute
  3. „A&N Islands - Pincodes“. 22 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 22 September 2016.
  4. „STD Codes of Andaman and Nicobar“. allcodesindia.in. Архивирано од изворникот на 2019-10-17. Посетено на 2016-09-23.
  5. Registration Plate Numbers added to ISO Code
  6. „Village Code Directory: Andaman & Nicobar Islands“ (PDF). Census of India. Посетено на 2011-01-16.
  7.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Andaman Islands“ . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 955.
  8. „DEMOGRAPHIC – A&N ISLANDS“ (PDF). andssw1.and.nic.in. Посетено на 2016-09-23.
  9. „District Census Handbook - Andaman & Nicobar Islands“ (PDF). 2011 Census of India. Directorate of Census Operations, Andaman & Nicobar Islands. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 August 2015. Посетено на 2015-07-21.