Јован Костов (јазичар)
Јован Костов (р. 1982 во Гевгелија) — јазичар, истражувач во областа на информатичката лингвистика, на дидактиката на странски јазици на и македонската морфологија. Во периодот од септември 2010 до јуни 2012 г. бил наставник по македонска лингвистика и граматика на Националниот институт за источни јазици и цивилизации (INALCO) во Париз, Франција. Од септември 2013 до август 2015 година Јован Костов работел како аташе за образование и наука по информатичка лингвистика на Универзитетот „Париз-Сорбона“ (Париз 4), а потоа како истражувачки инженер по далечинско изучување на Универзитетот Париз Дидро (Париз 7). Во јануари 2018 година, Јован Костов е назначен како проект-менаџер по дигитални технологии и изучување јазици во одделот за француски јазик при Меѓународниот центар за педагошки истражувања на Франција. Во септември 2019 година, Јован Костов е избран за доцент по предметите граматика на францускиот јазик, општа и француска лингвистика и технологии за изучување на странските јазици на катедрата по општа лингвистика и дидактика при Универзитетот Пол Валери во Монпелие, Република Франција.
Животопис
уредиКостов средното образование завршил во 2000 г. во Гевгелија и се запишал на Универзитетот Пол Валери во Монпелие, Франција, на отсекот општа и информатичка лингвистика. Дипломирал во 2005 г., а магистрирал во 2007 на тема „Описот како текстуален прототип за автоматска класификација на корпуси“ под менторство на професорката Жан-Мари Барберис. Во 2013 г. ја одбранил докторската дисертација од областа на информатичката лингвистика врз парадигмите на македонските глаголи под менторство на професорот Патрис Поњан. Костов е автор на првото веб-помагало за автоматска измена на македонските глаголи FlexiMac 1.1.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на Јован Костов при истражувачкиот центар DIPRALANG (Université Paul-Valéry, Montpellier 3)
- Мрежно место на Јован Костов при истражувачкиот центар LALIC-CERTAL (Université de Paris Sorbonne & INALCO)
- Докторската дисертација на Јован Костов заведена во централниот регистар на докторски студии на Репбублика Франција
- FlexiMac 1.1. — Платформа за автоматско менување на македонските глаголи
- Институт за социологија и информатика, Универзитет Париз-Сорбона (Париз 4) Архивирано на 24 март 2014 г.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |