Јентл
„Јентл“ (англиски: Yentl) — американски филм од 1983 година во режија на Барбра Страјсенд (Barbra Streisand). Страјсенд е авторка и на сценариото, заедно со Џек Розентал (Jack Rosenthal). Главните улоги ги играат: Барбра Страјсенд, Ејми Ирвинг (Amy Irving) и Менди Патинкин (Mandy Patinkin). Во 1984 година, филмот бил награден со „Оскар“ за најдобра музика, а бил номиниран и во категориите: најдобра споредна глумица (Ирвинг), сценографија и најдобра оригинална песна. Истата година, филмот ја освоил и наградата „Златен глобус“ за најдобра режија и за најдобар филм (комедија или мјузикл).[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажува како една млада Еврејка се претвора во момче за да може да се запише на студии по теологија...