Јајчник

(Пренасочено од Јајник)

Јајчник или овариум е женска полова жлезда во која созреваат женските полови клетки и која има ендокрина функција (лачи женски полови хормони). До пубертетот површината на јајчникот е мазна, а потоа по секоја менструација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце-клетки.

Јајчник
Внатрешни репродуктивни органи на жената.
Податоци
Назнаки
Латинскиovarium
MeSHA05.360.319.114.630
TAA09.1.01.001
FMAFMA:7209

Јајчникот е парен огран кој лежи во fossa ovarica. По својот изглед и големина асоцира на бадем, и затоа на него опишуваме 2 страни (латерална и медијална), 2 раба (преден и заден) и 2 пола (горен и долен). Јајчниците се парни женски полови жлезди во кои созреваат женските полови клетки (јајце-клетки) и кои лачат два женски полови хормони – естроген и прогестерон. Јајчниците се хомологни органи на тестисите кај мажите. Тие по својот изглед и големина наликуваат на бадем. Најчесто се долги 3–5 cm, а широки 1.5–3 cm. Кај младите жени до пубертетот, површината на јајчникот е беличеста и мазна, а потоа по секоја овулација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце-клетки. Со годините површината на јајчникот станува избраздена поради лузните кои остануваат по овулациите. Јајчниците варираат во својата големина во текот на животот. Левиот и десниот јајчник кај жената може да бидат со различна големина, а големината на јајчниците е различна и помеѓу жените. Големината на јајчникот видливо се намалува во менопаузата. Јајчниците се сместени помеѓу надворешните и внатрешните илијакални крвни садови, во вдлабнатината на бочните sидови на карлицата (fossa ovarica), од двете страни на матката. Јајчниците се формираат во 7-та недела од интраутериниот развој.

Функција

уреди

Јајчниците во себе содржат одреден број на примордијални (првобитни) јајни клетки (од 300 000 до 400 000) кои се сместени во сврзното ткиво, во стромата на јајчникот. Од сите примордијални јајни клетки остануваат само околу 10%, така што за време на пубертетот ги има околу 30 000, што е и нивен конечен број. Примордијалната јајна клетка (примарен фоликул) е под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH) од хипофизата. Овие хормони го стимулираат растот на неколку примарни фоликули истовремено, но од петтиот до седмиот ден од циклусот се одбира само еден фоликул, а другите пропаѓаат. Околу 14иот ден од менструалниот циклус, зрелата јајна клетка се ослободува од јајчникот (овулација) за да може да биде оплодена. Јајната клетка, по пукањето на нејзината фоликуларна мембрана, доспева во јајцеводот, од кој со помош ма хорионските ресички се истиснува во шуплината на матката. Зрелиот фоликул се нарекува Графов фоликул. Овој процес трае во текот на фертилниот период на жената, односно од пубертетот до менопаузата. Во климактериумот јајчникот ја прекинува својата функција на произведувач на јајни клетки, со што завршува и фертилниот период на жената. Јајчниците во понапереднатите години, во менопаузата, постепено закржлавуваат, се смалуваат и достигаат големина на семка од слива. Напоредно со тоа се намалува и лачењето на половите хормони во нив.

Ендокрина функција

уреди

Покрај оваа функција, јајчникот, исто така има и ендокрина функција. Негова задача е да во текот на целиот живот на жената произведува два специфични хормони (стероидни хормони): естроген и прогестерон. Естрогенот контирнуирано се ствара во текот на целиот живот на жената, а прогестеронот во текот на втората фаза на менструалниот циклус и во текот на бременоста.