Јасмина Ѓорѓиева (Велес, 21 август 1977) — македонска писателка. Живее и работи во Велес.

Јасмина Ѓорѓиева

Животопис

уреди

Јасмина Ѓорѓиева е родена 21 август 1977 година во Велес. Своето средно образование  го има завршено во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес. Со поетско творештво се занимава од првите школски години. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Како поет учествува и на многу поетски манифестации во градот, на Детски Рацинови средби и многу поетски литературни манифестации во Македонија. Застапена е во повеќе зборници, алманаси и заеднички збирки поезија. Нејзините последни три дела се поддржани и финансирани од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Зема учество на многу наши и меѓународни конкурси каде што е и често наградувана. Модератор и промотор на многу поетски настани организирани од клубот на писатели.

Творештво

уреди

Автор е на следниве книгиː

  • „Љубовта на младите“, поезија (1992)
  • „Скриена игра“, поезија (1995)
  • „Дијалог со срцето“, поезија (2013)
  • „Разбојот на соништата“, поезија (2014)
  • „Срцето на една жена“, роман (2020)[1]

Наводи

уреди
  1. Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Срцето на една жена :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2024-01-20.