Јарослав Владимирович Галицки

Јарослав Владимирович Галицки бил руски средновековен владетел на Галицкото кнежевство од 1153 до 1187 година.

Животопис

уреди

Кнезот Јарослав му бил тест на кнезот Игор, кој бил оженет со неговата ќерка Ефросинија. Според Ипатиевскиот летопис, кнезот Јарослав бил „мудар и многуречив кнез, богобојазлив, почитуван во други земји и прославен со своите битки“. Неговата војска често војувала на различно страни, но тој ретко учествувал во борбите. Познато е дека прогонетиот византиски цар Андроник Комнин се засолнил кај него. Престолнина на кнезот Јарослав бил градот Галич, кој во 1241 година бил разурнат од Татарите. Неговиот замок бил изграден на високо место над реката Днестар. Денешниот град Галич е оддалечен шест километри од стариот град, а при археолошките ископувања на Успенскиот собор (изграден во средината на 12 век) бил пронајден саркофагот со посмртните останки на кнезот Јарослав.[1]

Наводи

уреди
  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 63-64.