Јан Ханкок
британски јазичар
Јан Френсис Ханкок (англиски: Ian Hancock, ромски: Yanko le Redžosko; р. 29 август 1942) — британски јазичар и политички активист. Тој е роден во Лондон и се смета за еден од главните ромолози.
Ханкок е директор на Програмата за ромски студии, како и на Центарот за ромски архиви и документација при Универзитетот во Тексас, каде што е професор по англиски, јазичарство и азиски студии од 1972 година. Тој бил претставник на Ромите во Обединетите нации и бил член на Советот на Американскиот музеј на холокаустот во време на претседателството на Бил Клинтон за кого Ханкок тврди дека има ромско потекло.[1] Тој исто така бил претставник на Ромите на доделувањето на Наградата во чест на професор Торолф Рафто во 1997 година.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Дела од или за Јан Ханкок во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Romani Archive and Documentation Center (англиски)
- The Pariah Syndrome by Prof. Hancock на Wayback Machine (архивирано на 27 октомври 2009) (англиски)
- Ian Hancock, Downplaying the Porrajmos: The Trend to Minimize the Romani Holocaust (англиски)
- Searching for the 4th Nail Архивирано на 18 мај 2021 г. — документарен филм за Американските Роми со проф. Ханкок. (англиски)