Јанко Георгиев (зограф)
Јанко Георгиев - македонски зограф, претставник на Дебарската школа.
Јанко Георгиев | |
---|---|
Роден(а) | Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Починал(а) | 1881 Папрадиште, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Биографија
уредиПотекнува од големиот зографски род Рензовци од дебарското мијачко село Тресонче. Син е на Георги Дамјанов, од кого го изучил занаетот. Работел со брата си Јаков и братучедите Даме и Иван Андреев и Петар и Атанас Николови под раководство на татко си и чичковците, кои исто така биле познати зографи.
Заедно со брат си Јаков ги изградиле црквите во Крајници, „Св. Константин и Елена“ во Оморани (1894), манастирот „Свети Архангел Михаил“ кај Горно Чичево и други.
Умира во 1881 година.