Јангблад

англиски музичар

Доминик Ричард Харисон (англ. Dominic Richard Harrison; роден на 5 август 1997), професионално познат како Јангблад (англ. Yungblud) ― англиски пејач, текстописец и глумец.

Јангблад
Јангблад на iHeartRadio наградите во 2019 година
Животописни податоци
Родено имеДоминик Ричард Харисон[1]
Роден(а)5 август 1997(1997-08-05)(27 г.)[2]
Донкастер, Јужен Јоркшир, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • глумец
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
  • пијано
Период на активност2017–денес
Издавачи
Мреж. местоyungbludofficial.com

Живот и кариера

уреди

Харисон е роден на 5 август 1997 година, во Донкастер, Јужен Јоркшир. На Харисон на рана возраст му било дијагностицирано АДХД.

Пред да започне со музичката кариера, Харисон бил глумец и глумел во ТВ-сериите Emmerdale и The Lodge.[6][7] На 19 јануари 2018 година го објавил неговото прво ЕР, Yungblud, кое содржело три негови претходно објавени синглови.[8][9]

 
Јангблад настапува во Rock in the Park во 2018 година

На 6 јули, Харисон го издал неговиот прв албум, 21st Century Liability.[10][11][12] Во јули 2018 година заминал за Соединетите Американски Држави каде одржал неколку концерти.[13] На 10 август тој објавил ЕР со седум акустични верзии на песни од 21st Century Liability под наслов Yungblud (Unplugged).[14] Од 20 септември 2018 до 20 април 2019 година бил на турнеја за поддршка на неговиот прв албум.[15][16][17]

На 17 јануари 2019 година го издал синглот „Loner“.[18] На 14 февруари 2019 година го објавил синглот „11 Minutes“ во соработка со Холзи и Тревис Баркер.[19] Јангблад го издал неговиот прв албум во живо, Yungblud (Live in Atlanta), на 22 март 2019 година.[20] По неколку одложувања, на 18 октомври 2019 година го објавил ЕР-то Тhe Underrated Youth.[21] Синглот „Original Me“ во соработка со Ден Рејнолдс од Imagine Dragons бил издаден во октомври 2019 година.

Во 2020 година бил номиниран за четири NME награди: „Најдобар британски соло-изведувач“, „Најдобро музичко видео“ за „Original Me“, „Најдобар соло-изведувач во светот“ и „Најдобра соработка“ исто така за „Original Me“. Ја добил наградата за „Најдобро музичко видео“.[22] На 4 март 2020 година, Харисон објавил дека ја откажува турнејата во Азија поради COVID-19.[23]

На 22 април 2020 година, тој го издал синглот „Weird!".[24] На 16 јули бил објавен синглот „Strawberry Lipstick“.[25] Неговиот втор судиски албум, Weird!, бил издаден на 4 декември 2020 година.[26] Албумот дебитирал на прво место на Британската топ-листа за албуми.[27][28]

Неговиот трет студиски албум, Yungblud, бил издаден на 2 септември 2022 година.[29] Водечкиот сингл од албумот, „The Funeral“, бил објавен на 11 март 2022 година, а по него следел и вториот сингл од албумот, „Memories“ во соработка со американската пејачка Вилоу Смит, издаден на 6 мај 2022 година. Албумот дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија, со што станал негов втор албум на прво место на топ-листата.[30]

На 29 март 2024 година, Јангблад ја објавил „Abyss“, песна што се користи како почетна тематска композиција за аниме-серијата Kaiju No. 8. [31]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • 21st Century Liability (2018)
  • Weird! (2020)
  • Yungblud (2022)

Наводи

уреди
  1. „Yungblud“. AllMusic. Посетено на 18 June 2019.
    - „Dominic Richard Harrison My Husband | YungBlud in 2019 | Dominic harrison, Matty healy, Music“. Pinterest. Посетено на 12 July 2019.
    - facebook live nyc, Посетено на 12 July 2019
  2. "YUNGBLUD is quickly becoming a LOT of people's favourite new artist and it's easy to see why. With his honest lyrics and catchy chorus's...". Instagram. Посетено на 6 April 2019.
  3. Chatterjee, Uppy (6 December 2017). „Yungblud is alt-rock's new livewire“. Red Bull.
  4. „Remember when Yungblud was on a Disney show?“. Alternative Press. 11 September 2018.
  5. „Punk, Politics and Polygraph Eyes – An Interview with Yungblud“. Посетено на 8 July 2019.
  6. Green, Luke (2021-03-13). „From Emmerdale to Mars - meet artist Yungblud, born in Doncaster“. YorkshireLive (англиски). Посетено на 2022-01-25.
  7. „Yungblud: 'Me and Lewis Capaldi used to get into all sorts of trouble'. The Guardian (англиски). 2020-11-21. Посетено на 2022-01-25.
  8. Almeida, Nicole (1 February 2018). „Raising The Voice Of The Younger Generation: A Conversation With Yungblud“. Atwood Magazine.
  9. Piccirillo, Angie (23 January 2018). „Q&A: Yungblud Releases Self-Titled Genre-Explorative Debut EP“. Ones to Watch. Посетено на 9 February 2020.
  10. van den Bosch, Glenn (15 August 2018). „Album Review: Yungblud – 21st Century Liability“. Calltheone. Посетено на 22 November 2019.
  11. Klancnik, Urban (30 October 2019). „YUNGBLUD: Adored by Teenagers, Respected by Superstars“. Viberate. Архивирано од изворникот на 1 January 2020. Посетено на 22 November 2019.
  12. Mahony, Vicky (17 July 2018). „Yungblud – 21st Century Liability“. Sound Bites Media. Посетено на 22 November 2019.
  13. „YUNGBLUD Gets Real On Northern England, FISH & CHIPS, Vans Warped Tour“. Newhoustonmusic.com. August 24, 2018. Посетено на January 17, 2022.
  14. „YUNGBLUD (Unplugged) by YUNGBLUD“. Spotify. 10 August 2018. Посетено на 10 February 2020.
  15. Jamieson, Brii (28 August 2018). „Yungblud Has Announced A Huge Uk And Europe Tour“. Rocksound. Архивирано од изворникот на 17 August 2021. Посетено на 17 August 2021.
  16. Milligan, Kaitlin (29 August 2018). „Yungblud Announces New European Tour Dates“. BroadwayWorld.com.
  17. Benjamin, Mark (14 October 2019). „An Interview with Rising Popstar, Carlie Hanson“. Rain.
  18. Reilly, Nick (17 January 2019). „Yungblud debuts huge new track 'Loner'. NME. Посетено на 12 June 2020.
  19. Espinoza, Joshua (13 February 2019). „Halsey Connects With Yungblud and Travis Barker for "11 Minutes". Complex. Архивирано од изворникот на 2023-04-29. Посетено на 2024-06-08.
  20. „Yungblud Drops First Ever Live Album, Live In Atlanta“. U-Music. 22 March 2019. Архивирано од изворникот на 2023-06-03. Посетено на 2024-06-08.
  21. Nattress, Katrina (2 October 2019). „YUNGBLUD Delays 'Hope For The Underrated Youth' EP Release“. iHeartRadio.
  22. Morgan Britton, Luke (12 February 2020). „Yungblud wins Best Music Video at NME Awards 2020“. NME.com. Посетено на 12 February 2020.
  23. Martin, Josh (6 March 2020). „Yungblud cancels Asia tour due to coronavirus“. NME. Посетено на 18 March 2020.
  24. Празен навод (help)
  25. Празен навод (help)
  26. Krol, Charlotte (21 October 2020). „Yungblud pushes back 'Weird!' album release due to coronavirus delays“. NME. Посетено на 13 November 2020.
  27. „Yungblud lands first Number One album with 'Weird!'. NME. 11 December 2020.
  28. „Yungblud's Weird! Album debuts at Number 1: "Yungblud is not me, it is us, this is our award". Official Charts.
  29. Празен навод (help)
  30. Jones, Alan (2022-09-09). „Charts analysis: Yungblud lands second No.1 album - Analysis“. Music Week. Посетено на 2023-01-14.
  31. ヤングブラッド、アニメ『怪獣8号』のオープニング・テーマ“Abyss”の音源が公開. NME Japan (јапонски). 29 March 2024. Архивирано од изворникот на 17 April 2024. Посетено на 17 April 2024.

Надворешни врски

уреди