Јамка во Лебед (радиоизвор W78 или Шарплес 103) — остаток од супернова (SNR) во соѕвездието Лебед, оддавна маглина со пречник од 3°.[1] неколку лакови и јамки, познати колективно како Превез или Цирусна Маглина, оддават во видливот дел на електромагнетниот спектар.[1] Радио, инфрацрвените и рендгенските слики ја даваат целовитата слика за маглината.

Видливи составници: Превез уреди

 
 
 
 

Видливиот дел од маглината е познат како Превез, исто така позната и под името Цирусна Маглина или Кончеста Маглина. Неколку делови од маглината имаат посебни имиња и ознаки,[2][3] вклучувајќи ги тука „Западен Превез“ или „Вештерска Метла“, „Источен Превез“ и Пикерингов Триаголник.

NGC 6960 уреди

NGC 6960, односно Западен Превез, е западниот дел од остатокот, исто така позната како „Вештерска Метла“, сестена на J2000 RA 20ч 45м &1000000000000058100000058,1с Dec +30° 35′ &1000000000000004300000043″.[3] Како најзападниот NGC-објект во маглината (прв по ректасцензија), нејзиниот број понекогаш се користи како NGC-ознака за целата маглина.

NGC 6992, NGC 6995, и IC 1340 уреди

Овие три сјајни делови ја образуваат маглината наречена Источен Превез. NGC 6992 е H-I обвивка сместена по североисточниот раб ма јамката при J2000 RA 20ч 56м &1000000000000019000000019,0с и Dec +31° 44′ &1000000000000003400000034″.[4] NGC 6995 е подалеку на југ при J2000 RA 20ч 57м &1000000000000010700000010,7с и Dec +31° 14′ &1000000000000000700000007″,[5] и IC 1340 уште понајуг при J2000 RA 20ч 56м &1000000000000012000000012,0с и Dec +31° 04′ &1000000000000000000000000″.[6]

Пикерингов триаголник уреди

Познат икако Пикерингова Чивија, или Пикерингов Триаголен Камшик, овој дел од релативно слабосјајната маглина бил забележан фотографски во 1904 година од Вилјамина Флеминг при Харвардската опсерваторија, каде во тој период директор бил Едвард Чарлс Пикеринг. Триаголникот е најсјаен по должина на северната страна на јамката, иако фотографиите покажуваат дека маглината се протега и во централниот дел.

NGC 6974 и NGC 6979 уреди

Овие два објекти се познати денес (од страна на проектот NGC/IC и Уранометрија) преку два сјајни јазли на маглината во северниот дел на јамката, до истокот на северниот раб на Пикеринговиот Триаголник. NGC 6979 била забележана од страна на Вилијам Хершел, иако координатите кои тој ги забележал за Превез биле непрецизни,[7] неговите координати биле близу до јазолот при J2000 RA 20ч 50м &1000000000000027900000027,9с и Dec +32° 01′ &1000000000000003300000033″.[7]

Ознаката NGC 6979 се корити за Пикеринговиот Триаголник,[8] но триаголникот е нешто што најверојатно не го видел Хершел или пак вредностите кои биле внесени во каталогот: бил забележан фотографски по објавувањето на каталогот и по долг временски период по откритието на Хершел.

NGC 6974 била забележана од страна на Вилијам Парсонс, но местоположбата која ја запишал дава празна област во главната јамка. се претпоставува дека погрешно ја измерил местоположбата, и и во NGC Парсонсовите координати се однесуваат за другиот јазол во северниот облак, при J2000 RA 20ч 51м &1000000000000004300000004,3с и Dec +31° 49′ &1000000000000004100000041″, еден степен северно од Парсонсовите координати.[9] (оваа местоположба е поисточно од NGC 6979, иако NGC-објетките се подредени по зголемувањето на ректасцензијата.) Овие филаменти во северно-централната област се познати и под името „морков“.[10] Спектарот при 34.5 MHz на областа поврзана со NGC 6974 се движи преку целиот честотен распон од 25 до 5000 MHz.[11]

Југоисточен јазол уреди

југоисточниот јазол при J2000 RA 20ч 56м &1000000000000021200000021,2с и Dec +30° 23′ &1000000000000005900000059″ при југоисточниот раб на Јамка во Лебед. Јазолот е местото каде ударниот бран на суперновата и мал изолиран облак.[12] Јазолот е изразен рендгенски облик, кој се состои од бројни филаменти во видливиот дел на оддавните линии.[12] Комбинирајќи ги видливите и рентгенските податоци, може да се покаже дека југоисточниот јазол е само површината од ударниот бран, односно не е мал облак туку само површината од поголем облак.[12] Присуството на повратен удар е доказ дека јазолот претставува рана фаза од судирот на ударниот бран и поголем облак.[12]

Надворешни слики
  Cygnus Loop compared to the Moon

Растојание уреди

До 1999 година, најчето наведувано растојание до остаток на супернова било проценетото растојание во 1958 година од страна на Рудолф Минковски, кој комбинирајќи ги неговите мерења на радијалната брзина со мерењата на сопствените движења од страна на Едвин Хабл, го пресметал растојанието од 770 парсеци или 2500 светлосни години.[13][14] Сепак, во 1999 година, Вилјам Блер, земајќи предвид ека ударниот бран треба да се шири со истиот чекор во сите насоки, споредено со аголното ширење на страните на меурот (може да се види на сликите од Хабл) со директно мерење на радијалното ширење кон Земјата и заклучил дека вистинската големина на меурот е за 40% помала од воспоставената вредност, што пак дава растојание од 1.470 ly.[13][14]

Подоцна е дадена поголема вредност од 540 pc (1.760 ly) од подоцнежно откритие на Блер, со употреба на Далечниот ултравиолетов спектроскопски истражувач (FUSE), или ѕвезда зад Превез. UV-спектарот на оваа ѕвезда, KPD 2055+3111 од спектрален тип sdOB, покажал впивачки линии што значи дека делумно светлината е впиена од остатокот на суперновата. Со проценето (но несигурно) растојание од околу 1.860 ly, оваа ѕвезда ја поддржува новата проценка од 1.760 ly.[14]

неодамнешно испитување на растојанието на Јамка во Лебед со употреба на мерењата на паралаксата на неколку ѕвезди со помош на Гаја гледано кон маглината довело до попрецизни проценки за растојанието.[15] една од овие ѕвезди, со величина 9,6 B8 (BD+31 4224) со местоположба близу до северозападниот раб на остатокот покажува доказ за постоење на заемнодејства на ѕвездениот ветер со ударниот бран на суперновата, што пак укажува дека е во внатрешноста на остатокот. Проценката за растојанието на оваа ѕвезда од стран а на мисијата Гаја од околу 770  30 pc, заедно со сотанатите ѕвезди на растојание од 735  30 pc кои имаат спектри кои укажуваат дека се за остатокот, се доаѓа до ново растојание од 735  25 pc или околу 2.400 светлосни години. (Белешка: проценетото растојание од страна на мисијата Гаја со употреба на sdOB ѕвездата KPD 2055+3111 е 793 pc (2.600 ly). Ова ново растојание, е изненадувачки близу до вредноста проценета пред 60 светлосни години од страна на Минковски, што пак значи дека Јамка во лебед е физички со пречник од 40 pc (130 ly) и со старост од околу 21.000 години.[15]

Астрономки ултравиолетови извори уреди

 
Ултравиолетов поглед на Јамка во Лебед.

Најсјајниот најдалечен ултравиолетов извор во Јамка во Лебед во североисточниот раб на остатокот. при првиот лет на Високоразделниот Оддавнолиниски спектрометар (HIRELS), широкопојасен, далечен ултравиолетов спектрометар, наштелуван на OVI-оддавни линии, бил лансиран со цел да ја набљудува маглината, првиот набљудуван галактички OVI-извор на оддавни линии.[16]

Рендгенски извори уреди

рендгенскиот извор Лебед X-5 се совпаѓа со SNR G074.0-08.6 (Јамка во Лебед),при J2000 RA 20ч 51.1м и Dec +30° 41′, забележана од Ухуру при 4U 2046+31. Овој извор ги има и каталошките ознаки 1E 2049.4+3050, 1H 2050+310, и 1M 2051+309, бил забележан и од Ајнштајновата опсерваторија, HEAO 1 и OSO 7.

Јамка во Лебед е силен извор на меки рентгенски зраци.[17]

Центарот на обвивката на суперновата определена од податоците на рентгенските зраци е при J1950 RA 20ч 49м &1000000000000004500000045с и Dec +30° 53′.[18] карактеристичната температура на маглината во рентгенските спектрални податоци изнесува Tx = 2,9 ± 1,5 x 106 K.[18] Површинска карта на маглината во рентгенското подрачје добиена од еднодимензионаланиот рентгенски телескоп лансиран на 30 март, 1973 година.[18]

Научна фантастика уреди

Во новелата Мајндбриџ од Џо Халдиман, Јамка во лебед е остатокот од ѕвездата на семоќната, бесмртна раса која на крајот се уништила самата себеси.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Murdin P (2001). „Cygnus Loop“. Во Murdin P (уред.). Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. Bristol: Institute of Physics. Article 5297. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2019-07-17.
  2. „SEDS Online NGC Catalog“. Results for Veil Nebula. Посетено на 2010-12-01.
  3. 3,0 3,1 „NGC/IC Project“. Results for NGC 6960. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  4. „NGC/IC Project“. Results for NGC 6992. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  5. „NGC/IC Project“. Results for NGC 6995. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  6. „NGC/IC Project“. Results for IC 1340. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  7. 7,0 7,1 „NGC/IC Project“. Results for NGC 6979. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  8. See, for example, this photo posted by Astronomy Magazine (accessed 2010-12-01).
  9. „NGC/IC Project“. Results for NGC 6974. Архивирано од изворникот на 2009-05-28. Посетено на 2010-12-01.
  10. Greidanus H; Strom RG (1992). „Optical kinematics in the Cygnus Loop. II - Interpretation“. Astron. Astrophys. 257 (1): 265–77. Bibcode:1992A&A...257..265G.
  11. Sastry CV; Dwarakanath KS; Shevgaonkar RK (Sep 1981). „The structure of the Cygnus loop at 34.5 MHz“. J. Astrophys. Astron. 2 (3): 339–47. Bibcode:1981JApA....2..339S. doi:10.1007/BF02714557.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Graham JR; Levenson NA; Hester JJ; Raymond JC; и др. (May 1995). „An X-ray and optical study of the interaction of the Cygnus Loop supernova remnant with an interstellar cloud“. Astrophys. J. 444 (5): 787–95. Bibcode:1995ApJ...444..787G. doi:10.1086/175651.
  13. 13,0 13,1 „Astro News Briefs: June 14–20 [2004]“. Sky & Telescope. 2004-06-21. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2010-12-03.
  14. 14,0 14,1 14,2 William Blair. „Piercing the Veil“. FUSE Science Summaries. Архивирано од изворникот на 2012-12-11. Посетено на 2010-12-03.
  15. 15,0 15,1 Fesen, Robert A.; Weil, Kathryn E.; Cisneros, Ignacio A.; Blair, William P.; Raymond, John C. (2018). „The Cygnus Loop's distance, properties, and environment driven morphology“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 481 (2): 1786–1798. arXiv:1809.01713. Bibcode:2018MNRAS.481.1786F. doi:10.1093/mnras/sty2370.
  16. Rasmussen A; Martin C (Sep 1990). „Cygnus Loop: The First Observed Galactic OVI Emission Line Source“. Bull Am Astron Soc. 22 (9): 1272. Bibcode:1990BAAS...22R1272R.
  17. Fesen RA; Blair WP; Kirshner RP (Nov 1982). „Spectrophotometry of the Cygnus Loop“. Astrophys. J. 262 (12): 171–88. Bibcode:1982ApJ...262..171F. doi:10.1086/160408.
  18. 18,0 18,1 18,2 Rappaport S; Doxsey R; Solinger A; Borken R (Dec 1974). „X-ray structure of the Cygnus loop“. Astrophys. J. 194 (12): 329–35. Bibcode:1974ApJ...194..329R. doi:10.1086/153249.

Надворешни врски уреди