Јаков Пуланин
Јаков Пуланин (познат и како Јакобус де Пола,[1][2] или Јаков од Пула,[3]) ― архитект од Пула (Пола), Истра, активен во 13 и 14 век.[1][4]
Францискански фратар,[5] наводно студирал архитектура во Падова.[5] Се споменува како соработник на базиликата „Св. Антониј Падовски“ во Падова.[3][2] Работел во Падова од 1291 до 1310 година. Тој е поврзан и со црквата „Св. Фрањо“ во Пула, која била изградена на крајот на 13 век, веројатно во 1291 година. Забележани се сличности меѓу деталите на црквата „Св. Фрањо“ и Комуналната палата во Пула. Можно е тој да ја водел и работата за реставрација на Комуналната палата.[4][1]
Библиографија
уреди- А. Кризманиќ, Hortus Atrium Medievalium, Загреб и Мотовун, 2001 година.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Nefat, B. „Jacobus de Pola (Jakov iz Pule)“. Истриска енциклопедија. Архивирано од изворникот на 26 март 2021. Посетено на 5 јуни 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Fugošić, Vinko (1995). Franjevački klaustri na hrvatskoj obali moja priča o klaustru. Školska knjiga. стр. 100. ISBN 9789530613386.
- ↑ 3,0 3,1 Katolički bogoslovni fakultet u Zagrebu. Institut za crkvenu povijest (2003). Croatica Christiana periodica: časopis Instituta za crkvenu povijest Katoličkog bogoslovnog fakulteta u Zagrebu Issues 51-52. Institut za crkvenu povijest. стр. 214.
- ↑ 4,0 4,1 Šepić, Dragovan (1971). The Basilica of S. Mark in Venice. F. Ongania. стр. 254.
- ↑ 5,0 5,1 „Who was Jakov Puljanin?“. Regional Express. Посетено на 5 јуни 2022.