Алигатори и кајмани
Период: креда - денес
Американски алигатор
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Alligatoridae
Gray, 1844
Преживени родови

Alligator
Caiman
Melanosuchus
Paleosuchus

Алигаторовидните (науч. Alligatoridae) е семејство што опфаќа повеќе видови на алигатори и кајмани, кои се крокодиловидни влекачи. Овие животни се среќаваат само во Северна и Јужна Америка.

Вистински алигатори (Alligatorinae) уреди

Вистинските алигатори живееле во Европа од периодот креда до плиоцен, кога изумреле. Денес, постојат само два преживеани вида на вистински алигатори, Alligator mississippiensis кој живее на југоистокот на САД и расте до 4,25 метри и достигнува тежина до 454 килограми [1] (со најголема регистрирана единка од 5,81 метар), и малиот Alligator sinensis кој живее во реката Јангцекјанг во Кина и достигнува должина од 1,5 метри. Името алигатори е настанато од шпанскиот збор el lagarto, што значи „гуштер“.

Кајмани (Caimaninae) уреди

Во централна и јужна Америка живеат 5 вида од фамилијата Alligatoridae, кои припаѓаат на потсемејството Caimaninae. Овие животни се разликуваат од вистинските алигатори по отсуството на коскен септум помеѓу ноздрите, како и по оклопот на стомакот кој е оставен од коскени плочки кои се преклопуваат, а секоја од овие плочки е составена од два дела споени со шев. Ова потсемејство се дели на три рода. Кајманите се поподвижни од алигаторите и по движењето повеќе наликуваат на крокодилите, исто така тие имаат и многу подолги и поостри заби од алигаторите [2].

Очилниот каман е најраспространет, со живеалишта од јужно Мексико па сè до северната половина на Аргентина. Расте до должина од 2,2 метри. Најголем претставник на ова потсемејство е црниот кајман од Амазон. Овие кајмани растат и до 5 метри [3], а најголемата регистрирана единка била долга 5,79 метри. Црниот кајман и американскиот алигатор се единствените членови на фамилијата Alligatoridae кои претставуваат опасност а човекот.

Иако кајманите не се целосно проучени, се смета дека циклусите на парење за кои претходно се мислело дека се спонтани или годишни, всушност се поврзани со врнежите од дожд и нивото на реките со цел да се зголемат шансите за преживување на младите кајмани.

Разлики со крокодилите уреди

Алигаторите се разликуваат од крокодилите најмногу по пошироката и пократка глава со потапа муцка, по четвртиот заб на долната вилица кој кога е затворена устата не влегува во засек туку во посебно вдлабнување на горната вилица. Алигаторите немаат шилести реси кои ги среќаваме на задните нозе и стапалата на крокодилите, исто така прстите на задните нозе се со пловнакожичка само до половината на прстите. Алигаторите претпочитаат слатки води, и не се многу толерантни на солена вода, за разлика од крокодилите кои имаат специјализирани жлезди за филтрирање на вишокот сол од организмот. Генерално, крокодилите се многу поопасни и поагресивни кон човекот отколку алигаторите.

Класификација уреди

 
Парагвајски кајман
 
Кинески алигатор
 
Американски алигатор
 
Американски алигатори

Family Alligatoridae

Наводи уреди

  1. <http://www.eparks.org/marine_and_coastal/marine_wildlife/alligator.asp>
  2. Guggisberg, C.A.W. (1972). Crocodiles: Their Natural History, Folklore, and Conservation. стр. 195. ISBN 0715352725.
  3. <http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/cbd-faq-q2.htm>