Јазици во Вануату
Јазиците во Вануату е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат во оваа океанска држава, официјални и неофицијални. Вануату има три официјални јазика: бислама, англиски и француски. Бислама е прв јазик на голем број урбани Вануаќани. Исто така, бислама е втор јазик за голем број од населението на Вануату. Јазикот е сличен со ток писин од Папуа Нова Гвинеја.
Јазици во Вануату | |
---|---|
Официјален јазик | бислама, англиски, француски |
Демографија на Вануату |
Во Вануату се зборуваат над 100 староседелски јазици. Државата се смета како држава со најголема разновидност на јазици по глава на жител во светот. Некои од јазиците се загрозени, а некои и исчезнале. Сепак, иако има мал број на луѓе кои ги зборуваат јазиците, тие не се сметаат за особено загрозени.[1]
Староседелски јазици
уредиВо Вануату се зборуваат околу 112 староседелски јазици, од кои 3 исчезнале во минатите декади. Голем број од јазиците се именувани според островите каде се зборуваат истите. Најразновидни во јазична смисла се островите Еспириту Сано и Малакула.
Класификација
уредиСите јазици во Вануату се океански јазици.
- океански јазици
- јужноокеански јазици
- полинезиски јазици
- футунски јазици
- западнофутунски или футунско-анивански јазик
- емаејански
- мелејско-филански
- футунски јазици
Наводи
уреди- ↑ Nettle, Daniel and Suzanne Romaine (2000). Vanishing Voices: The Extinction of the World's Languages. Oxford: Oxford University Press. стр. 9. ISBN 0-19-515246-8.
- Lynch, John; Crowley, Terry (2001). Languages of Vanuatu: A new survey and bibliography. Research School of Pacific and Asian Studies. ISBN 0-85883-469-3
Надворешни врски
уредиОваа поврзани со Вануату статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |