Јавански леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. melas
Триномен назив
Panthera pardus melas
(G. Cuvier, 1809)

Јаванскиот леопард (Panthera pardus melas) е подвид на леопард кој живее на островот Јава. Според генетските анализи, јаванските леопарди најмногу се разликуваат од останатите подвидови. Бројноста на популацијата е во опаѓање како последица на ловот поради неговото ценето крзно. Никој не знае точно како ова животно се населило на островот со оглед на тоа што нема вистинска врска со друга земја која е населена со леопарди. Овој подвид е еден од најмалите леопарди.