Ѓезве е лонче предвидено за варење на турско кафе. Има подолга рачка која овозможува заштита на рацете од огнот, додека работ е свиен за потурање на кафето при служење.

Бакарни ѓезвиња.

Ѓезвето може да биде направено од: бакар, железо (емајлирано), челик или од огноотпорно стакло.

Рачката може да биде од ист материјал како и садот, но може да биде и од дрво, бакелит или огноотпорна пластика.

Потекло на поимот

уреди

Зборот „ѓезве“ е од турско потекло (тур. cezve), изведен од арапскиот збор за „жар“ (جَذْوَة, џезват), бидејќи лончето се ставало на него.

Поврзано

уреди