Адата (речен остров)
речен остров во Македонија
(Пренасочено од Ѓаватски Остров)
Адата — речен остров во Вардар кај селото Ѓавато, во југоисточниот дел на Македонија.
Поглед на Адата | |
Географија | |
---|---|
Место | Вардар |
Координати | 41°11′21.2″N 22°32′07.5″E / 41.189222° СГШ; 22.535417° ИГД |
Должина | 420 м |
Ширина | 130 м |
Држава | |
Општина | Богданци |
Место | Ѓавато |
Демографија | |
Население | 0 (2021) |
Опис
уредиОстровот е долг околу 420 м, широк околу 130 м и се протега во правец североисток-југозапад. Највисоката височина на островот изнесува 3 м, така што голем дел од островот се поплавува при висок водостој на Вардар. Составен е од ситен речен песок и во голема мера е оголен, а во западниот дел се среќава тревна и грмушеста вегетација. Посетуван е од рибари и капачи главно во летниот период.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Речни острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 160. ISBN 978-9989-110-90-0.
Надворешни врски
уреди- Адата (речен остров) на Ризницата ?