WorldCat
WorldCat е заемен каталог каде се заведени збирките на 72.000 библиотеки од 170 земји и територии[1] што учествуваат во глобалната задруга OCLC. Неговата изградба и одржување ја вршат сите членки заеднички.
Вид место | каталог и заедница |
---|---|
Седиште | Хонгконг |
Адреса | worldcat.org |
Комерцијално | да |
Зачленување | бесплатна |
Историја
уредиКаталогот е создаден во 1971 и денес содржи над 246 милиони записи кои се однесуваат на над 1,77 милијарди физички и дигитални материјали на повеќе од 470 јазици.[1] Со тоа, ова е најголемата библиографска база на податоци на светот. OCLC го нуди WorldCat бесплатно на библиотеките, но каталогот е основа и за други бесплатни услуги на OCLC (како споделување на ресурси и раководење со збирки). Организацијата е основана во 1967 од американскиот библиотекар Фред Килгур во 1967.[2]
Во 2003, OCLC го започнале пилотниот програм „Open WorldCat“, со кој записите од WorldCat во скратен облик им се нудат мрежни места и книгопродажни претпријатија, сè со цел да ја зголеми достапноста на збирките на библиотеките-членки. Во 2006 е пуштено во употреба непосредното пребарување на самото мрежно место на WorldCat. Во 2007 е воведена услугата „WorldCat Identities“, каде се нудат страници од над 20 милиони „идентитети“, претежно автори и лица од објавените наслови.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Факти и статистики за WorldCat“. OCLC. 2011. Посетено на 6 ноември 2011. (англиски)
- ↑ Маргалит Фокс (2 август 2006). „Почина иновативниот библиотекар Фредерик Г. Килгур на возраст од 92 години“. New York Times. Посетено на 22 декември 2009. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Матична страница (англиски)
- „Мрежен размер“: откривање и доставка на библиотечни ресурси - OCLC (англиски)
- Идентитети на WorldCat (англиски)