Vide Cor Meum
„Vide Cor Meum“ (Погледни го моето срце) — песна составена од ирскиот композитор Патрик Касиди, заснована на зборникот Нов живот од Данте Алигиери, посебно на сонетот „A ciascun'alma presa“, во поглавјето 3 од Vita Nuova.
Песната била продуцирана од Патрик Касиди и Ханс Цимер и беше изведена од Libera / The Lyndhurst Orchestra, а испеана од Даниеле де Нисе и Бруно Лазарети, кои ги играат Беатриче Портинари и Данте Алигиери, соодветно.
Песната првпат се појавила во филмот Ханибал (2001), додека д-р Ханибал Лектер и инспекторот Паци гледаат опера во Фиренца. Оваа арија била избрана да биде изведена на Оскарите во 2002 година за време на презентацијата на наградата за животно дело на продуцентот Дино Де Лаурентис и на 53-та годишна Еми награда.
Истата песна се појавува и во филмот Небесно Царство на Ридли Скот (2005), за време на смртта на кралот Болдвин IV.
Како почит кон филмовите, песната била искористена и во финалната сцена од првата и втората сезона на телевизиската серија „Ханибал“ на NBC.