Википедија:ВикиПроект МИКРОСАМ

(Пренасочено од VPMIKROSAM)
Поврзано:

Вики-проектот МИКРОСАМ има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Микросам Академијата од Прилеп, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите.

Лого на „МИКРОСАМ АКАДЕМИЈА“ - Прилеп
Лого на „МИКРОСАМ АКАДЕМИЈА“ - Прилеп
Вики
Проект
2013 2012


Цели

уреди

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:

  • Создавање на нови квалитетни статии;
  • Редизајн на постоечките статии;
  • Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на Википедија.
  • Соработка согласно принципите на Википедија.

Циклуси на проектот

уреди

Проектот се одвива во годишни циклуси. Секој циклус има неколку фази:

  • Прва фаза: дефинирање на списоци на статии кои се предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно.
  • Втора фаза: обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.
  • Трета фаза: изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект.

Активности

уреди

Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектот: {{Корисник МИКРОСАМ}}.

Авторски права

уреди

Како можете да помогнете?

уреди

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.