underworldlive.com е името на независната издавачка куќа отворена од Рик Смит и Карл Хајд од електронскиот бенд Underworld. Издавачката куќа е отворена со цел да можат сами да издаваат нивна музика, по напуштањето на нивната претходна куќа, V2 Records, во 2004.

Подземје во Александра Палас во 2017 година

underworldlive.com
Основана 2005
Основач Карл Хајд
Рик Смит
Жанр Електронска
Земја на потекло Велика Британија
Локација Ромфорд, Есекс

Имањето сопствена куќа им овозможило повеќе контрола на нивната работа и да екпериментираат со помалку традиционални звуци и методи на дистрибуција. Првите изданија на новата издавачка куќа биле пар дигитални EP-а достапни само за преземање од интернет, почнувајќи со The RiverRun Project, што им овозможило да издаваат голема количина на неиздадена музика директно на обожавателите.

Моментално, Underworld е единствениот изведувач што има потпишано договор со компанијата.