UTC+08:45

часовен појас
(Пренасочено од UTC+8:45)

UTC+08:45часовен појас со отстапување од +08:45 часа од UTC.

UTC+08:45
часовен појас
Часовниот појас на карта на светот
Отстапување од UTC
UTCUTC+08:45
Тековно време
22:54, 16 април 2024 UTC+08:45 [поднови]
Средишен меридијан
131.25° ИГД
ДВ-група
Јукла во рамките на Австралија
Јукла
Местоположба на Јукла во Австралија. Овде, и на некои други места крај автопатот важи појасот UTC+08:45.
Патен знак го означува почетокот на неофицијалниот австралиски централнозападен часовен појас.

Примена уреди

Појасот се нарекува централнозападно време (CWT). Се користи крајпатни заселоци со услужни објекти крај автопатот „Ејр“ во Западна и Јужна Австралија. Иако не е официјален часовен појас признаен од владата,[1] неговите граници се јасно одредени и познати[2] и често се прикажани на патни карти. Автопатните знаци крај западниот крај од појасот им советуваат на патниците да си ги поместат часовниците за 45 минути.[3]

UTC+08:45 важи во 5 мали населени места во Австралија: Бордер Вилиџ во Јужна Австралија, како и Коклбиди, Јукла, Мадура и Мандрабила во Западна Австралија. Се протега од границата со Јужна Австралија, малку поисточно од Кејгуна.

Во минатото уреди

Интересно е да се напомене дека ова време се применувало и во Владивосток пред воведувањето на часовните појаси Русија во 1919 г.[4].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Time“. Australian Government Website. Government of Australia. Архивирано од изворникот на 2009-11-12. Посетено на 25 јуни 2015.
  2. „Annual Report 2012–2013“ (PDF). Shire of Dundas. Shire of Dundas (WA). стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 март 2015. Посетено на 3 септември 2017.
  3. „Central Western Standard Time: The Time Zone You Won't Find on a Map“. Basement Geographer. Basement Geographer. Архивирано од изворникот на 5 мај 2016. Посетено на 18 јануари 2016.
  4. Русскiй астрономическiй календарь, ежегодникъ, на 1909 годъ, Нижегородскаго Кружка Любителей Физики и Астрономiи. Нижнiй Новгородъ 1908.

Надворешни врски уреди