Уред за непрекинато напојување
Уред за непрекинато напојување, скратено УНН или UPS (скратеница од англ. uninterruptible power source – што значи извор на непрекинато напојување) – електричен уред кој обезбедува напојување со електрична енергија при снемување струја. УНН се разликува од помошното напојување (електрични агрегати) затоа што обезбедува моментална заштита при снемување струја и краткотрајни струјни прекини.
УНН вообичаено се користи за заштита на хардверот на сметачите, податочни центри, телекомуникациска опрема или друга електрична опрема каде неочекуван прекин на напојувањето може да предизвика повреди, нарушување на работењето или губење податоци. УНН се произведуваат за заштита на еден сметач за кој треба околу 200 VA до огромни единици кои напојуваат цели податочни центри или згради. Најголем светски УНН е со моќност од 46 MW акумулаторски електричен систем кој се наоѓа во Фербанкс, Алјаска.[1]
Технологии
уредиТри главни категории на модерните системи за непрекинато напојување се on-line, line-interactive и standby:[2][3]
- Онлајн УНН најчесто ја користат методата на "двократно претворање". УНН ја прифаќа наизменична струјанаизменичната струја, ја исправува во еднонасочна струја која ја полни батеријата, потоа повторно се претвора во наизменична струја и ја напојува опремата и во овој процес ги отстранува сите струјни аномалии. Најчесто се користи кога се работи за осетлива опрема.
- Линиски интерактивниот УНН е многу сличен на офлајн уредот, но има повеќе видови филтри кои обезбедуваат стабилна волтажа.
- Стендбај („офлајн“) уредите за непрекинато напојување ја напојуваат опремата директно, а батеријата се вклучува само кога ќе снема струја.
Поголем број УНН под еден киловолт-ампери (1 kVA) се линиски интерактивни или стендбај, кои поевтини во однос на онлајн верзијата.
Наводи
уреди- ↑ „Electricity storage: Location, location, location … and cost - Battery storage for transmission support in Alaska“. eia.gov. Energy Information Administration (EIA). 2012. Посетено на 23 јули 2012.
- ↑ Solter, W. (2002), 24th Annual International Telecommunications Energy Conference, стр. 541–545, ISBN 0-7803-7512-2
- ↑ Detailed explanation of UPS topologies „High-Availability Power Systems, Part I: UPS Internal Topology“ (PDF). novembar 2000. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 март 2013. Посетено на 11 декември 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Уред за непрекинато напојување“ на Ризницата ? |
- УНН – нужност, а не луксуз
- Scott Siddens (February 2007), UPS on the front line, Plant Engineering, Архивирано од изворникот на 2009-11-09
- Cottuli, Carol (2011), Comparison of Static and Rotary UPS (PDF), Schneider Electric, White Paper 92 rev. 2, Посетено на April 7, 2012
- Rasmussen, Neil (2011), The Different Types of UPS Systems (PDF), Schneider Electric, White Paper 1 rev. 7, Посетено на April 7, 2012
- VanDee, Dawn (March 1, 1999), „Rounding Up Rotary UPS Features“, EC&M, Penton Business Media, Архивирано од изворникот на 2020-11-30, Посетено на April 7, 2012
- „UPS Basics“. Eaton Corporation. 2012. Архивирано од изворникот на 2020-07-07. Посетено на 2014-01-08. Наводот journal бара
|journal=
(help) - The Different Type of UPS Systems Available, Архивирано од изворникот на 2015-05-30