Tomb Raider (видео-игра од 2013)
„Ограбувачка на гробници“ (англиски: Tomb Raider) е идна акционо-авантуристичка видео-игра и деветтиот дел од серијалот на игрите „Tomb Raider“, издадена од „Square Enix“, а изработена од „Crystal Dynamics“ како нивен петти наслов од франшизата. Како прва после поврзаната трилогија што претходеше, играта нема да биде поврзана со претходните делови од серијалот. Играва е престартување во кое ќе се разработува преграденото потекло на влијателниот, главен лик, Лара Крофт. Издавањето на „Tomb Raider“ е закажано за првата четвртина од 2013. година за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360.
Tomb Raider
Ограбувачка на гробници | |
---|---|
Изработувач(и) | „Crystal Dynamics“ |
Издавач(и) | „Square Enix“ |
Серијал | Tomb Raider |
Погон | Погонот на Crystal |
Подлоги | Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360 |
Датум на издавање | 1/4 од 2013. година |
Жанр(ови) | акција-авантура |
Приказна
уредиСкоро по завршувањето на високото образование, 21-годишната Лара Крофт патува до остров близу јапонското крајбрежје на бродот Ендуранс, брод управуван од капетанот Конрад Рот. Пред да се закотви на заливот, бродот е расцепен на пола од непредвидена бура, оставајќи ја Лара одделена од другите преживеани на брегот. Таа мора да ги надмине емотивната и физичката мака за да преживее на островот.