Живородни цицачи
Живородни цицачи Период: рана Креда - денес | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи Parker & Haswell, 1897 [1] |
Инфракласи | |
|
Живородните цицачи (науч. Theria од грч. θηρίον = ѕвер) е поткласа на цицачи[2] што раѓаат живи млади без да бидат сместени во јајце. Тука спаѓаат вистинските цицачи (плацентни цицачи) и нижите цицачи (торбарите и нивните предци). Единствената група цицачи што не припаѓа на оваа поткласа се едноотворните (Monotremes), кои младите ги несат во јајца.
Таксономија
уредиРангот „Живородни цицачи“ се разликува, зависно од системот на класификација. Системот во учебникот на Вон и др. (2000)[3] ги наведува следниве групи:
Класа Цицачи (Mammalia)
|
Во горенаведениот систем, Живородните цицачи претставуваат поткласа. Според системот на Мекена и Бел (1997)[4] тие се наткохорт под поткласата Живородновидни (Theriiformes):
Класа Цицачи (Mammalia)
|
Луо и др. (2002) имаат предложено друга класификација[5] каде таксономските нивоа немаат рангови, туку користи чисто кладистички систем.
Наводи
уреди- ↑ ITIS - Стандарден извештај: Живородни цицачи (Theria) (англиски)
- ↑ Мајерс П., Р. Еспиноза, К. С. пар, Т. Џонс, Г. С. Хамонд и Т. А. Дјуи. „Поткласа Живородни цицачи (Theria)“. Мрежа на животинска разновидност.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (англиски)
- ↑ Vaughan, Terry A., James M. Ryan, and Nicholas J. Czaplewski. 2000. Mammalogy: Fourth Edition. Saunders College Publishing, ISBN 0-03-025034-X
- ↑ McKenna, Malcolm C., and Bell, Susan K. 1997. Classification of Mammals Above the Species Level. Columbia University Press, New York, ISBN 0-231-11013-8
- ↑ Luo, Z.-X., Z. Kielan-Jaworowska, and R. L. Cifelli. 2002. In quest for a phylogeny of Mesozoic mammals. Acta Palaeontologica Polonica, 47:1-78.