The Teddy Bears
The Teddy Bears ― американска поп-музичка група. Тие биле прва вокална група на музичкиот продуцент Фил Спектор.[1]
The Teddy Bears | |
---|---|
Податотека:The Teddy Bears Spector.jpg | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | Поп |
Период на активност | 1957–1960 |
Издавачи | Doré, Imperial |
Поранешни членови | |
|
Историја
уредиПо завршувањето на средното училиште Ферфакс во Лос Анџелес, Калифорнија, Спектор станал опседнат со неговата песна „To Know Him Is to Love Him“, која ја компонирал додека сѐ уште бил на училиште. Затоа со своите школски другари го основал бендот The Teddy Bears. Членови на The Teddy Bears биле: Фил Спектор, Маршал Леиб, пејачката Анет Клајнбард (подоцна го променила своето име во Керол Конорс) и тапанарот Сенди Нелсон. По една аудиција Спектор успеал да ги убеди луѓето од ЕРА рекордс да го финансираат снимањето на албумот.[2] Песната била снимена во студиото Gold Star по цена од 75 долари.и објавена во август 1958 година; биле потребни два месеци за „To Know Him Is to Love Him“ да почне да се емитува.
Песната станала глобален хит. Била на Billboard Hot 100 23 недели, во Топ десет 11 и на прво место на листата три недели. Исто така, се искачила на второ место на UK Singles Chart. Се продала во преку два и пол милиони примероци и добила златен диск од RIAA.[3] На 19 години, Спектор ја напишал, аранжирал, свирел, пеел и ја продуцирал најпродаваната плоча во САД.[2]
По овој успех, Teddy Bears не успеале да издадат ниеден хит за цела една година, па Спектор го распуштил бендот.[1] Распадот бил забрзан со тоа што Клајнбард бил тешко повреден во 1960 година во сообраќајна несреќа.[1]
Дискографија
уреди- Студиски албум
- The Teddy Bears Sing! (Imperial Lp-9067; 1959)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Colin Larkin, уред. (1997). The Virgin Encyclopedia of Popular Music (Concise. изд.). Virgin Books. стр. 1166. ISBN 1-85227-745-9.
- ↑ 2,0 2,1 Tobler, John (1992). NME Rock 'N' Roll Years (1. изд.). London: Reed International Books Ltd. стр. 61. CN 5585.
- ↑ Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 108. ISBN 0-214-20512-6.
Надворешни врски
уреди- Биографија и дискографија на мечињата
- Teddy Bears — AllMusic (англиски) .