Tenthredo solitaria
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. solitaria
Научен назив
Tenthredo solitaria
Scopoli , 1763

Tenthredo solitaria е вид на растителна оса.

Живеалиште уреди

Овие оси се распространети низ цела Европа. Во Македонија се наоѓаат во западниот дел.[1]

Опис уреди

Tenthredo solitaria може да достогнат должина од 9-13 милиметри. Главата е црна, клипеусот и горната усна се жолти. Антените се црни, четирите последни членчиња се бели. Долниот агол на очите има жолт белег. Градите се црни со бела дамка. Крилата стаклесто провидни, а жилките кафеави. На абдоменто првите три сегменти и двата последни се со црна боја, а останатите се црвени.[1]

Ларвите имаат жолта или кафеава глава. Телото им е еднобојно, сивозелено со тенки темни средни линии. Ларвите се развиваат во текот на април и мај на растението Euphorbia cyparissias. Возрасните единки се среќаваат во периодот април-јули.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 204