Струпничка оса
Струпничка оса (науч. Tenthredo scrophulariae) — вид од семејството на лисните оси (Tenthredinidae).
Струпничка оса | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Ципокрилци |
Семејство: | Лисни оси |
Род: | Лисна оса |
Вид: | Струпничка оса |
Научен назив | |
Tenthredo scrophulariae Linnaeus, 1758 | |
Синоними | |
|
Живеалиште
уредиОвој вид е распространет низ цела Европа,[1] Турција и Закавказје,[2][3] на ливадите.[4] Во Македонија се среќава на повеќе места.[5]
Опис
уредиСтрупничката оса може да достигне должина на телото од приближно 11-15 милиметри.[4] Лесно се препознава по изгледот на оса, иако ја нема тенката „половина“ на вистинската оса. Главата е црна и прилично кратка, со истакнати, правоаголни задни агли. Флагелот на антените не е стеснет на врвот, тој е прилично краток (помалку од двапати подолг од ширината на главата) во споредба со многу сродни видови. Има портокалова боја, додека кај повеќето слични видови од родот е црна. Тораксот е претежно црн, само пронотумот и скутелумот се жолти. Стомакот е црн, со попречни ленти од жолта боја.[6]
Прилично големите ларви може да достигнат должина од околу 30 милиметри. Тие имаат темна глава, со прашливо сиво-бело тело со црни дамки.
Биологија
уредиЛарвите се хранат од август до септември. Тие хибернираат во октомври. ларвите преминуваат во возрасни единки од мај до август наредната година. Овие растителни оси летаат во мрзлив стил со долгите жолти нозе обесени надолу. Возрасните единки се хранат со мали инсекти и често може да се најдат на Heracleum sphondylium,[4] хранејќи се со нектар и полен. Ларвите[7] се хранат првенствено со лисја на струпник (Scrophularia).[8][9]
На ларвите може да се појават разни паразитоидни видови Ichneumonidae (Mesoleptidea prosoleuca и Euceros serricornis).[4][10]
Галерија
уреди-
Парење
-
Ларва
-
Крило, одблизу
-
Возрасна единка
Наводи
уреди- ↑ Fauna Europaea
- ↑ R.B. Benson Hymenoptera from Turkey
- ↑ Önder Calmasur, Hikmet Özbek (2004): A Contribution to the Knowledge of the Tenthredinidae (Symphyta, Hymenoptera) Fauna of Turkey. Part I: The Subfamily Tenthredininae. Turkish Journal of Zoology 28: 37-54.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 James K. Lindsey The Ecology of Commanster
- ↑ Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 189-191
- ↑ Thomas Brown The Zoologist's Text-Book, Volume 1
- ↑ Tenthredo Scrophulariae, Biolib.cz, Посетено на 26 June 2012
- ↑ Figwort Sawfly, Naturespot, Посетено на 26 June 2012
- ↑ Peter A. Hambäck, Johan P. Dahlgren, Petter Andersson, Sonja G. Rabas, Riccardo Bommarco, Johan Ehrlén (2011): Plant Trait-Mediated Interactions between Early and Late Herbivores on Common Figwort (Scrophularia nodosa) and Effects on Plant Seed Set. Ecoscience 18(4): 375-381
- ↑ A.D. Liston (2010): New hostplant records for European sawflies (Hymenoptera, Tenthredinidae). Entomologist's Monthly Magazine Vol. 146 No. 1754: 189-193.
Надворешни врски
уреди„Струпничка оса“ на Викивидовите ? |
„Струпничка оса“ на Ризницата ? |
- LES TENTHREDES at Aramel.free (француски)