Tenthredo procera
Tenthredo procera | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. procera |
Научен назив | |
Tenthredo procera Klug, 1814 |
Tenthredo procera е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на оваа оса е Средна Европа.[1]
Биологија
уредиВозрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата им е црна, мандибулите бели. Градите се црни, тегулите црвеникави, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави.[1] Нозете се црвени, абдоменот наполно црн.[1]
Ларвата има 22 нозе и светлосивкава боја, од горната страна темнокафеава со бела средна линија. Ларвите се развиваат во периодот од јули до август, а возрасните форми се среќаваат од мај до јули.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 211