Tenthredo olivacea
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. olivacea
Научен назив
Tenthredo olivacea
Klug, 1814

Tenthredo olivacea е вид пиласта оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси), потсемејство Tenthredininae.[1]

Опис

уреди

Tenthredo olivacea може да достигне должина од околу 8-14 милиметри. Оваа оса има зелено тело и зелена глава, со темнозелени очи. Главата, градниот кош и стомакот имаат црни ознаки. Грбната површина на бедрената коска, тибијата и тарзусот покажува црна линија. Крилата се стаклесто провидни со црни жилки. Иако овој вид е сличен на Rhogogaster viridis, сепак има потенко тело. Покрај тоа, R. viridis покажува црни прстени на тарзусот.[2]

Возрасните единки може да се најдат од мај до август. Тие се хранат со полен, нектар, медлика и мали инсекти, додека ларвите се хранат со разни тревни растенија.[3] Ларвата и биологијата на овој вид не се многу проучени.[4]

Живеалиште

уреди

Овој вид може да се најде во поголемиот дел од Европа.[5]

Наводи

уреди
  1. Biolib
  2. Nature Spot
  3. Naturspaziergang.de
  4. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 207-208
  5. „Fauna Europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2021-02-23.

Надворешни врски

уреди