Tenthredo frauenfeldii
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. frauenfeldii
Научен назив
Tenthredo frauenfeldii
Giraud, 1857

Tenthredo frauenfeldii е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е Средна и Југоисточна Европа, Турција и Иран. Во Македонија се среќава во Маврово.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 8-11 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Градите се црни, тегулите црни, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави. Нозете се жолти, абдоменот црн.[1]

Ларвите не се доволно проучени.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 186