Tenthredo ferruginea
Tenthredo ferruginea | |
---|---|
Tenthredo ferruginea машка единка, Норвешка | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. ferruginea |
Научен назив | |
Tenthredo ferruginea Schrank, 1776 |
Tenthredo ferruginea е палеарктички вид растителна оса.[1]
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на овој вид оса е: Средна и Северна Европа, Мала Азија и Сибир. Во Македонија се среќава во јужниот и западниот дел.[2]
Биологија
уредиВозрасните единки достигнуваат должина од 10-14 милиметри. Главата им е црна, антените црни до петтото членче, другите членчиња белузлави, а двете последни членчиња обично се црни.[2] Градите се црни, крилата стаклесто провидни, жилките црни, а нозете црвеникави. Абдоменот е црвеникав, само првиот сегмент е црн.[2]
Ларвите се развиваат во периодот од јули до септември, а возрасните форми се среќаваат од мај до јули.[2]
Наводи
уреди- ↑ Benson, R.B., 1952. Handbooks for the Identification of British Insects. Hymenoptera, Symphyta, Vol 6, Section 2(a-c), Royal Entomological Society, London
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 203