Tenthredo costata

растителна оса
Tenthredo costata
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. costata
Научен назив
Tenthredo costata
Klug, 1814

Tenthredo costata е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште

уреди

Географската распространетост на оваа оса е: Средна Европа, Јужна Европа, Турција и Иран. Се среќава и во Македонија.[1]

Биологија

уреди

Возрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата им е црна, телото речиси наполно црно, крилата затемнети, жилките и стигмата темнокафеави. Нозете се црвеникави, абдоменот црн.[1]

Ларвите не се доволно проучени. Возрасните форми се среќаваат од мај до јуни, на некои растенија од родот Euphorbia.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 180-181